Генералштабот на грчката армија денес објави дека пет турски беспилотни летала (БЛО) и еден извидувачки авион „CN-235“ го нарушиле грчкиот воздушен простор денес 14 пати.
Турските авиони летале над североисточниот, централниот и југоисточниот дел од Егејското Море, каде што, покрај 14-те повреди на националниот воздушен простор, регистрирале и 10 прекршувања на правилата за воздушен сообраќај во рамките на Атинскиот информативен регион за летови (FIR), објавува „Прототема“.
Од вкупно 14 повреди на воздушниот простор, девет биле извршени од беспилотни летала, а пет од авионот „CN-235“.
Според Генералштабот на грчката армија, турските авиони биле идентификувани и пресретнати во согласност со меѓународните правила и утврдената постапка, пренесува Танјуг.