Амбасадорите на земјите од Квинтата во Приштина, утрово одржаа средба со премиерот на Косово Албин Курти, а главна тема на средбата се настаните на северот на земјата. Средбата се одржа зад затворени врати, без изјави за медиуми. Сепак, најавена е прес конференција на Курти во 11 часот.
Локалните медиуми посочуваат дека се очекува на средбата да се разговарало за можноста за брзо изнаоѓање решение врз основа на барањата и советите на амбасадорите на САД, Франција, Италија, Германија и Велика Британија, пренесува РТК.
Тоа е една од ретките средби на претставниците на петте најмоќни земји во светот акредитирани во Приштина со кој било претставник на Косово што се одржала толку рано во денот.