Албанските социјалисти триумфираа на локалните избори

alb
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според првичните нецелосни резултати албанските социјалисти на премиерот Еди Рама се победници и на вчера спроведените локални избори.







Од досега преброените гласови во 44 општини, кандидатите на Социјалистичката партија за градоначалници победија во 37, додека во шест општини кандидати на опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме“. Во општина Финиќ победи кандидатот на партијата на грчкото калцинство, МЕГА.

Социјалистите победија и во општини кои до сега се сметаа за бастион на демократите.

Продолжува пребројувањето во преостанати, од вкупно 61 општина, при што во повеќето од нив во предност се кандидатите на Социјалситичката партија. Така, со дури 30 илјади гласови во предност е нивниот кандидат за градоначалник на Тирана Ерион Велиај, кој довербата ја бара по третпат.

Мнозинство социјалистите обезбедија и во Советите на општините.

Партискиот лидеер и актуелен премиер, Рама уште синоќа, по затрвораето на гласачките места објави на Фејсбук дека неговата партија е „победник во 50 општини, а за 11 се уште не се знае“.

Според претседателот на Централната изборна комисија, Илириан Целибаши, официјалните резултати од вчерашните избори, се очекува да бидат соопштени до крајот на денов.

На минататите избори, кои здружената опозиција ги бојкотираше, социјалистите застанаа на чело на 60 општини, освен општина Финиќ, каде и тогаш победи кандидатот на партијата МЕГА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK