Албанските иселеници во првото тромесечје на своите семејства им испратиле 214 милиони евра

albanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Продолжува трендот на зголемување на средствата што албанските иселеници им ги испраќаат на своите семејства во Албанија.

Според Централна банка на Албанија во периодот јануари-март годинава дознаките на иселениците изнесуваат 214 милиони евра, што е повисок износ за 16 отсто споредено со истиот период минатата година.


Италија и Грција водат како земји од кои доаѓаат најмногу средства поради големиот број имигранти кои живеат и работат во овие земји. Следуваат Велика Британија и Германија.

– Од 1992 година кога почнаа првите имигрантски текови, до крајот на 2022 година во албанската економија влегле 30 милијарди евра, од нив 1,1 милион евра, минатата година. Тоа значи дека иселениците обезбедиле приходи од 13 до 20 отсто од семејниот буџет. Значи, секое петто семејство во земјава живее со помош на роднини во емиграција, наведуваат медиумите.

Во студијата спроведена од Светска банка и Централна банка на Албанија за периодот 2013-2018 година, произлегува дека едно семејство во просек добивало по 2.000 евра секоја година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK