Албанскиот претседател во посета на Азербејџан

begaj_3453454
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска отпатува за Азербејџан, каде што ќе престојува во официјална посета на покана на неговиот колега Илхам Алиев.







Во фокусот на разговорите на шефовите на двете држави, ќе биде билатералната соработка, како и взаемниот интерес за изградба на модерна гасификациска мрежа во Албанија. Исто така, значајно место во дискусиите ќе има и реализацијата на проекти за дистрибуција на гас од Албанија до другите земји од регионот.

Последната средба на Бегај и Алиев беше во Баку, Азербејџан, во средината на март годинава, кога шефот на албанската држава учествуваше на тридневниот глобален форум.

Алиев во Албанија престојуваше на 15 декември минатата година, што беше оцената како историска, бидејќи беше прва посета на еден азербејџански претседател на Тирана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK