Албанија: За непочитување на изборниот законик, казнети градоначалници, секретари во министерства, директори, медиуми

tirana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради непочитување на одредбите од изборниот законик, Централната изборна комисија на Албанија, парично казни градоначалници, генерални секретари во министерства, директори, како и медиуми.

-По утврдените неправилности ЦИК достави барање до Комисијата за жалби и санкции која по разгледување на истото наместо за 20 колку што баравме, парично се казнети 15 градоначалници заради користење јавни ресурси во изборна кампања, кои се казнети со по 100 илјади лека (909 евра). Со по 455 евра се казнети пет генерални секретари во министерства и двајца директори, кои на официјалните веб страни на институциите поставувале изборен пропаганден материјал на политичка партија, објави ЦИК.


Исто така, ЦИК, повикувајќи се на извештајот објавен од Агенцијата за електронски медиуми изрече се парични казни за седум телевизии кои го надминале времето определено за изборно претставување на политичките субјекти-учесници на локалните избори на 14 мај.

Така „Шијак ТВ“ е казнета со 363 евра поради пречекорување на дозволеното време за еден политички субјект, додека по 45,4 евра казнети се 6 телевизии за кои било оценето дека „имаат проблеми со времето за објавување вести од изборни активности”, односно небалансирано информирање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK