Албанија од денеска претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации

on
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тирана денеска го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.

Албанија е непостојана членка на Советот за безбедност од 1 јануари 2022 година. Непостојаните членови се избираат на регионална основа за период од две години.



Претседавањето со Советот за безбедност го врши секоја од членките по ред, во период од еден месец, според англискиот азбучен редослед на имињата на земјите-членки.

Министерката за европски и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка изјави дека врвен приоритет на Советот за безбедност ќе биде руско-украинскиот конфликт, односно, како што додаде, „незаконската руска агресија врз Украина“, пренесе „Албанска пошта“. .

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK