Албанија минатата година увозник, сега извозник на струја

dalnovod
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За задоволување на потребите на потрошувачите, Албанија минатата година увезла струја во вредност од 503 милиони евра, со просечна цена од 305 евра.

-Енергетската криза што го зафати европскиот континент имаше силно влијание и врз буџетот на Албанија. Но, 2023 година започна поинаку. Обилните врнежи во првите 5 месеци од годинава условија, до сега, албанската електрокорпорација, КЕШ, не само да не увезува туку и да извезува струја, јави Топ чанел.


Според истиот извор, на почетокот на годинава кога имало прелевање преку шахтите на хидроцентралите, КЕШ се обидел да депонира енергија, но постапката била неуспешна, бидејќи немало заинтересирани.

Но, во текот на јануари КЕШ продал 14,8 милиони евра струја по просечна цена од 90 евра.

-Од јануари до 20 мај КЕШ успеал да продаде 31,92 милиони евра струја, односно 386.436 мегавати со просечна цена од 82 евра. Продажбата се уште не се врши на албанската берза која започна со работа на 11 април, бидејќи според КЕШ нема доволна ликвидност, наведува телевизијата.

Во меѓувреме, за да се избегне промената на цените во летната сезона, КЕШ презеде повеќе мерки.

Се обидува да ги пушти во употреба двата изнајмени брода во пристаништето Валона, за што бара мазут во временска рамка од две години а има отворено тендер за долгорочна набавка на електрична енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK