82-годишен Чех снимал деца без облека во туристички објект во Истра, а го забележал обезбедувач кој повикал полиција, јавуваат локални медиуми.
Полициски службеници ја завршија кривичната истрага за 82-годишен чешки државјанин и утврдија сомнение дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија.
Чешкиот државјанин е осомничен дека на 12 јуни околу 13 часот и 50 минути во туристички објект на територијата на ПУ на Истра снимал деца без облека, што го забележало обезбедувањето и повикало полиција. Мажот е приведен во полициска станица. По наредба на надлежниот суд извршен е претрес на камерата и пронајдени снимки со инкриминирачка содржина.
Осомничениот вчера попладнето бил приведен во притвор на ПУ на Истра, информира полицијата.