Припадници на српското МВР во Власотинце го уапсија 39-годишниот П.И. од Власотинце поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство со смртен исход.
Тој е осомничен дека синоќа неколку пати го удрил педесет и осумгодишниот татко, за кој се сомневаат дека починал од здобиените повреди.
На осомничениот по овластување на вишиот јавен обвинител во Лесковац му е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.