18 јагленосани тела пронајдени во шума во Грција

1692707120_4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

18 јагленосани тела се пронајдени во шума во селото Дадија во Еврос, Грција.


Шумата гори од вчера, а како што јави Prototema.gr, пронајдени се најмалку 18 јагленосани тела на мигранти.

Според информациите, телата на жртвите се пронајдени во две групи, а истрагата е во тек. Според претставникот на противпожарната служба, Ѓанис Артопиорос, „се истражува можноста тие да влегле илегално во земјата“.

Пожарот во шумата Дадија избувнал вчера напладне, а противпожарната единица се обидела да го изгаси пред да се прошири.

Заменик-регионалниот гувернер изјави дека се работи за пожар кој од засега непозната причина се случил на оддалеченост од другите пожари кои се во тек на локацијата Гибрен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK