14-годишна ученичка паднала од прозорец на училишна зграда во Бихаќ

14-годишна-ученичка-паднала-од-прозорец-на-училишна-зграда-во-Бихаќ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

14-годишна ученичка паднала од прозорец на основно училиште кај Бихаќ, потврдија во полициската управа на Унско-санскиот кантон.


Истрагата која се уште е во тек треба да ги утврди околностите кои довеле до овој настан.

Девојчето се здобило со тешки физички повреди, но животот не и е загрозен и синоќа е сместена на понатамошно лекување во Сараевскиот клинички центар, изјавиле за порталот Краина, пренесува „Српскаинфо“.

Се уште нема подетални информации за овој инцидент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK