100 дена од трагедијата во Нови Сад, студентите потворно на протест


novi-sad-nesrekja.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Студентите од Србија денеска упатија повик до граѓаните низ целата земја да им се придружат на улиците во знак на поддршка за нивните барања, на стотиот ден од трагедијата во Нови Сад, кога при уривање на настрешница загинаа 15 лица.


Во Белград е најавена блокада на најпрометниот мост „Газела“ од 11 до 18 часот, додека во Нови Сад, од 11 до 14 часот, ќе бидат блокирани трите главни раскрсници, со што ќе биде оневозможен влез во градот.

Протестите започнаа на 1 ноември, откако настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна, при што загинаа 15 лица. Студентите бараат одговорност, истакнувајќи дека трагедијата е резултат на корупција и неквалитетна работа.

Незадоволството брзо се прошири низ целата земја, а демонстрантите инсистираат на оставки и суштински промени. И по сто дена, студентите остануваат доследни во своите барања, нагласувајќи дека нема да престанат со протестите сè додека не се постигне правда за жртвите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK