Населението на Египет се зголемило за 220.000 луѓе за 55 дена

Бројот на жени во Египет кои користат методи за планирање семејство достигна 66,4 отсто, што претставува зголемување од 7,9 отсто во споредба со 2014 година, објави Централната агенција за јавна мобилизација и статистика. Зголемувањето во возрасната група од 15 до 49 години е 2,85 раѓања по жена, што е за 22 отсто помалку од 3,5 раѓања по жена пред десет …

Continue Reading

Актуелните и идните предизвици на Македонија во фокусот на обраќањето на Пендаровски на Школата за политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, пред учесниците на годинешната Школа за политики, Пендаровски зборувал за актуелните и идните политички и безбедносни предизвици за Северна Македонија. Претседателот Пендаровски зборувал и за севкупните …

Continue Reading

Татко пријавил физички напад од наставник врз неговиот син

Татко пријавил физички напад од наставник врз неговиот син, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа во 21 часот, 38-годишниот скопјанец Н.А. пријавил дека претходниот ден, околу 8 часот, во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот А.И, појаснуваат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Натпревар во уличен баскет во Кавадарци

Во склоп на денешната презентација на опремата што се користи при воената вежба ,,Брз одговор 23’’, што беше поставена на градскиот плоштад, во Кавадарци беше организиран и натпревар во уличен баскет, на кој присуствуваа претседателот на КФМ Перо Антиќ и Тодор Гечевски, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Во натпреварот земаа учество осум екипи по три …

Continue Reading

НБА: Грифин пред промоција на клупата на Милвоки

НБА-лигашот Милвоки планира да го ангажира 48-годишниот Адријан Грифин за свој нов тренер, јавија денеска американските медиуми. Грифин на клупата на Милвоки ќе го замени Мајк Баденхолцер, кој доби отказ на почетокот на овој месец. Последните пет сезони Грифин беше помошник тренер во Торонто, освојувајќи ја НБА титулата со канадската екипа во 2019 година. Милвоки го заврши регуларниот дел од …

Continue Reading

САД и Саудиска Арабија ги повикуваат завојуваните страни во Судан да го продолжат примирјето

САД и Саудиска Арабија ги повикаа завојуваните страни во Судан да го продолжат прекинот на огнот кој истекува утре. Суданската армија и бунтовничките сили, кои се борат за контрола на Судан од средината на април,  со посредство на САД и Саудијците се согласија на еднонеделен прекин на огнот минатата недела. Сепак, овој прекин на огнот, како и оние пред него, …

Continue Reading

Над 150 натпреварувачи на меморијалната урбано-ридска трка „Васе Ангелов“ во општина Зрновци

Општина Зрновци и Локалниот совет на млади денеска беа организатори на втората меморијална урбано-ридска трка „Васе Ангелов“. Се трчаше на патека долга 2,5 километри, од мултинаменското спортско игралиште на влезот во Зрновци до манастирот „Свети Тома“ во кањонот на реката Зрновка. Под мотото „Младите трчаат“, на трката учествуваа над 150 натпреварувачи од сите возрасни категории, кои успешно ја истрчаа патеката …

Continue Reading

Промоција на здрав живот со ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ во Скопје

Велосипедисти, лица на ролерки и тротинети, како и мајки со детски колички земаа учество на ревијална трка „Вози право, вози здраво“ која што по седми пат се одржа денеска во Скопје. Со ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ во Скопје, целта е да се промовира здрав живот и чиста средина, изјави за МИА Јасмина Добрашевиќ Костова, еден од организаторите на …

Continue Reading

Се одржа 29- „Домијада“

По два дена престој спорт и дружење во Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес кој беше домаќин на 29 -та по ред „Домијада“ денеска се збогуваа учесниците од средношколските домови од Битола, Скопје, Охрид, Штип и Струмица, како и од студентските домови во Скопје, Охрид, Битола и Штип. На „Домијадата“ учествуваа и ученичките домови за ученици со посебени потреби од …

Continue Reading