Ковачевски: Работните групи се вистинскиот формат за договарање на сите детали меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Работните групи за продолжување на разговорите за уставните измени се вистинскиот формат во кој треба да продолжи договарање на сите детали меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи секој предлог има свои специфики што треба да се имплементираат и таа имплементација секако дека влијае на европската интеграција на државата, изјави денеска во Скопје премиерот Димитар Ковачевски по презентација на најголемиот регионален саем …

Continue Reading

Ултрамаратон во чест на Рацин, од Велес до планината Лопушник

Во чест  на големиот македонски поет Коста Солев Рацин и во  рамки на 60. Рацинови средби, утрово од пред неговиот споменик во велешката гимназија, која го носи неговото име, почна   150-километарскиот ултрамаратон до планината Лопушник, Кичевско, местото на погибје на поетот.  На ултрамаратонот учествуваат тројца искусни маратонци: Зоран Димов и Верољуб Додевски од Велес и Томе Спасовски од Скопје.  Од …

Continue Reading

Руско МНР: Москва соодветно ќе одговори на „непријателската“ одлука на Исланд да ја затвори својата амбасада

Москва соодветно ќе реагира на „непријателската“ одлука на Исланд да ги намали дипломатските односи со Русија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.  „Секое антируско дејствување од страна на Рејкјавик неизбежно ќе биде проследено со соодветна реакција“, се додава во соопштението. Исланд вчера објави дека од 1 август на неодредено време ја затвора амбасадата во Москва поради ситуацијата поврзана со …

Continue Reading

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерката за животна средина Каја Шукова, директорот на ЈП за одржување регионални и магистрални патишта Костадин Ацевски и деканот на Градежен факултет, проф. д-р Горан Марковски, извршија увид на штетите предизвикани од силното невреме што го зафати Делчево. При посетата на Општина Делчево се сретнаа со пратеничката Соња Михаилова и градоначалникот Горан …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да каже кој од нашите два предлога е прифатлив пред каков било друг чекор

Клучното прашање на кое Ковачевски треба да одговори и без кое нема продолжување на разговорите е кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за СДСМ, потребен е јасен и недвосмислен одговор пред било каков друг чекор, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по вечерашните седници на Извршниот и Централниот одбор. Откако Ковачевски кажа дека на лидерската средба нема договор, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, …

Continue Reading

Во Истанбул запленети милијарда фалсификувани долари

Турските безбедносни сили заплениле една милијарда долари фалсификувани пари во Истанбул и уапсиле шест лица вклучени во таа операција, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот. Меѓу уапсените има и еден државјанин на Гана и тројца шведски државјани. Припадници на жандармеријата ги следеле осомничените до магацин во областа Кагитане во Истанбул, каде што ги заплениле лажните банкноти од 100 долари, соопшти канцеларијата.

Continue Reading

Стано: ЕУ го цени придонесот на Албанија, но за ЗСО само во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Во однос на нацрт-текстот за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО) на Косово, што албанскиот премиер Еди Рама им го предаде на Париз и Берлин, портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано денеска изјави дека го поздравуваат секој конструктивен придонес во дијалогот, но оти дијалогот е единствената платформа каде треба да се разговара за спроведување на договорот …

Continue Reading

ДОМ, ЛДП и ДПТ : Има волја да се донесат уставните измени, почетокот е за поздравување

Поместувањата што ги гледаме деновиве укажуваат дека има волја да се донесат уставните измени, пак ќе имаме „жешко “ лето како и секоја година, процесите многу брзо ќе се случуваат и веројатно до крајот на годината ќе биде извесно каде и како се движиме и кој ќе биде исходот од сето тоа. Европската Унија е цел на сите партии и …

Continue Reading

Наби Кеита се сели од Ливерпул во Вердер Бремен

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита, кому му завршува договорот со Ливерпул, кариерата ќе ја продолжи во Вердер Бремен, објави „Билд“.   Според германскиот весник, зделката е веќе договорена и завршена.   Ливерпул најави заминување на Кеита по крајот на сезоната во мај. Договорот на Гвинеецот завршува на лето. За англискиот клуб настапува од 2018 година.   Кеита …

Continue Reading