Ердоган: Успешно го организиравме финалето на Лигата на шампионите, честитки до Сити за освоениот трофеј

erdogan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган зборуваше за финалето од Лигата на шампионите Манчестер сити – Интер (1:0), кое се одржа синоќа во Истанбул.

– Би сакал да му честитам на тимот на Манчестер сити за победата во финалето на Лигата на шампионите, еден од најголемите спортски настани во светот, што се одржа во Истанбул, зеницата во окото на Турција и колевката на цивилизациите, на „Олимпискиот стадион Ататурк“. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои уште еднаш го потврдија гостопримството на Турција и придонесоа за непречено и успешно организирање на овој голем настан, напиша Ердоган на социјалните мрежи.



Манчестер сити за прв пат ја освои Лигата на шампионите. Тимот сезонава освои тројна круна – Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK