Во Израел повторно протести против судските реформи

Неколку илјади Израелци синоќа демонстрираа во Тел Авив и во други градови 23-та недела по ред, против контроверзниот план за реформи во правосудниот систем на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Собирот се одржа во центарот на Тел Авив, како и во градовите Хаифа и Реховот. Голем број демонстранти држеа флаери во кои се критикува неактивноста на владата пред бранот на …

Continue Reading

Амирбајов: Потенцијалот за економска соработка сè уште не е искористен, иако имаме многу можности

Потенцијалот за економска соработка помеѓу Азербејџан и Северна Македонија сè уште не е искористен, иако имаме многу можности, поради што треба да имаме почести контакти, не само помеѓу властите туку и помеѓу бизнис заедниците, преку различни бизнис форуми, делегации од соодветните министерства. Потребен е редовен канал на комуникација во однос на стопанските и трговските можности, вели во екслузивното интервју за …

Continue Reading

Трамп: Обвинението е смешно и неосновано

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека федералното обвинение објавено против него е „смешно“ и „неосновано“, обид да се загрозат неговите шанси да биде реизбран за претседател на САД во 2024 година. Трамп, во своето прво појавување во јавноста по објавувањето на обвинението, на предизборната конвенција на републиканците во американската сојузна држава Џорџија, рече дека американската администрација започнала „лов …

Continue Reading

Земјено прскање против комарци во Скопје

Втората фаза од терестрична (земјена) дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се реализира од вечерва до 15 јуни 2023 година, од 22:00 до 3:00 часот. Градските власти информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини. – …

Continue Reading

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ поставија услови за продолжување на дијалогот за уставните измени, ДУИ потврди дека е подготвена да ја напушти Владата

СДСМ е подготвен да го продолжи дијалогот за уставните измени со ВМРО-ДПМНЕ, но бара најголемата опозициска партија да се изјасни дали останува на ставовите изнесени на средбата на лидерите на двете партии Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски одржана во средата. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ пред понатамошни преговори, бара СДСМ да се изјасни кој од двата нивни предлози изнесени на лидерската …

Continue Reading

Вонредни парламентарни избори во Црна Гора, отворени избирачките места

Во Црна Гора денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори – шести од обновувањето на независноста на земјата на референдум во 2006 година. Избирачките места се отворени утрово во седум часот, а ќе бидат затворени во 20 часот. Граѓаните избираат свои претставници во Собранието од 15 изборни листи, а право на глас имаат 542.468 граѓани. Проекции на изборните резултати од невладините …

Continue Reading

Облачно, попладне пороен дожд, грмежи и ветер

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Пообилни врнежи ќе има …

Continue Reading

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) денеска ќе го одржи Третиот конгрес на кој  делегатите ќе избираат нов Извршен одбор и нов претседател на Сојузот, поради завршување на мандатот на досегашниот, Лука Павиќевиќ. Кандидати за нов средношколси лидер се Ива Трпески, ученичка во кичевското средно училиште „Мирко Милески“, одговорна за администрација при Извршниот одбор на Сојузот, и Берин …

Continue Reading

На денешен ден

  1509.- Англискиот крал Хенри Осми се оженил со првата од шесте жени, Катарина Арагонски.   1727.- Умрел британскиот владател од германско потекло Џорџ Први, првиот монарх на Велика Британија од хановерската династија. На престолот го наследил неговиот син Џорџ Втори. Во текот на неговото владеење од 1714 година па се до смртта функцијата на премиерот се искристализира како клучна во извршната …

Continue Reading