Четврто издание на Планинско-езерскиот фестивал „Охрид-Галичица 2023“

Авантуристичкиот клуб „Маунтајн Меднес“ викендов по четврти пат организира Планинско-езерскиот фестивал „Охрид-Галичица“, кој опфаќа авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање. Фестивалот на планината и езерото „Охрид-Галичица 2023“ започнува денеска претпладне со велосипедска тура околу Охридското Езеро и посета на локации на езерскиот брег. Турата се организира со цел да се одбележи денот на Охридското Езеро – 21 Јуни). Настанот …

Continue Reading

Мицкоски бара лидерски ТВ дуел, за Ковачевски не е време за дуели и средби, туку за продолжување на европскиот пат на земјата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера од Ваташа го повика премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачески да се соочат на ТВ дуел со цел, како што рече, пред македонската јавност очи во очи да си кажат тоа што сакаат. На ова Ковачевски одговори дека наместо да трошат време на нови дуели и лидерски средби надвор од политичките процеси, треба …

Continue Reading

Промоција на видео, брошура и постер за убаво однесување со деца со попреченост

Граѓанската организација Пркос денеска ќе одржи промоција на нивниот нов проектм кој содржи триформатен пакет –  видео, брошура и постер, за убаво однесување со децата со попреченост. Организаторите информираат дека пакетот се состои од 10-минутно видео, во кое преку нарациите на Бистра Поповска, Ева Смилевска и Јане Велковски, надополнети со илустрациите на Ивана Маркоска Докоска, гледачот на духовит и сликовит …

Continue Reading

Облачно со повремен дожд и северен ветер

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во источните делови, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, …

Continue Reading

Литературно-музички настан „Читањето е супермоќ“

Во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ во Скопје денеска ќе се одржи литературно-музичкиот настан „Читањето е супермоќ“. Организаторот „Арс Ламина“ информира дека на литературно-музичкиот настан ќе бидат наградени победниците на литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“, што беше спроведен во основните училишта во целата држава и на кој пристигнаа 150 литературни и 330 ликовни творби од ученици од …

Continue Reading

На денешен ден

17 јуни 2023 – Меѓународен ден на акции против сушите и поплавите 1239.- Роден е англискиот крал Едвард Први „Долгоногиот“ кој во текот на владеењето од 1272 до 1307 година ги вовел законите и воспоставил силен административен систем, проширувајќи го и на Велс, на кого издвоениот статус му го укинал. Претходно учествувал во кралската власт, а со победата во војната …

Continue Reading

Од верските календари

17 јуни 2023 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 јуни. Денеска е Св. Митрофан Цариградски. Свети Митрофан Цариградски беше современик на императорот Константин Велики. Инаку, тој управуваше со Цариградската црква во тек на 10 години. Кога се одржуваше Првиот вселенски собор во 325 година, тој беше на возраст од 117 години. Овој …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е сабота, 17  јуни 2023 година, 168-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 197 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 13 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 3 часот и 56 минутa, …

Continue Reading

Македонската фудбалска репрезентација водеше, па загуби од Украина

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје загуби од Украина со 2:3 во квалификациски натпревар за ЕУРО 2024. Резултатот го отвори Енис Барди во 31. минута од пенал досуден по интервенција на ВАР собата. Девет минути подоцна Елиф Елмас зголеми на 2:0 со прекрасен удар од околу 30 метри откосо. Целосно различна слика на теренот во второто полувреме. Илја Забарњи во …

Continue Reading