Спасени 117 мигранти во Средоземно Море

Шпанската хуманитарна организација „Отворени раце“ (Open Arms) соопшти дека денеска спасила 117 мигранти од небезбеден дрвен брод во Средоземно Море. Бродот испловил од Либија, а со него се превезувале мигранти од Етритреја, Судан и Либија. Помеѓу патниците имало и 25 жени и едно тригодишно момче. Спасувачката мисија е извршена во меѓународни води на десетици километри од брегот на Либија.

Continue Reading

Модриќ одби 200 милиони евра во Ал-Хилал за три години, заради една сезона во Реал

Лука Модриќ се откажа од 200 милиони евра за три години во Ал Хилал за една сезона во Реал Мадрид. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, играчот од средниот ред ја одбил понудата од Саудиска Ал-Хилал со која би му биле дадени 200 милиони евра за три години за да остане во Реал Мадрид. Пред еден месец Модриќ го продолжи договорот …

Continue Reading

Најавено проширување на граничниот премин Станке Лисичково – Делчево

Граничниот премин Станке Лисичково – Делчево, кој ги поврзува Република Северна Македонија и Република Бугарија наскоро ќе биде проширен, информира бугарски портал „Благоевград.ЕУ“ со седиште во Благоевград.  Целта како што наведуваат оттаму да се зголеми пропусната моќ на контролниот пункт и да се намали времето на проверка на патниците. Во информацијата е наведено дека сегашното тесно грло од бугарска страна …

Continue Reading

СВР Тетово со едукативни активности „Паркирај совесно, паркирај одговорно”

Во Тетово и Гостивар сообраќајните полицајци спроведоа превентивно-едукативни активности во рамките на новата кампања „Паркирај совесно, паркирај одговорно”. Основна цел е поголема безбедност, пред се на децата, пешаците и велосипедистите, но и на другите учесници во сообраќајот. -На неколку пунктови во овие градови, полициски службеници од СВР Тетово, координирани од Отсекот за превенција, на  возачите им делеа летоци со практично …

Continue Reading

Шефот на саудиската дипломатија Фејсал во посета на Иран

Саудискиот министер за надворешни работи принц Фејсал бин Фархан денеска пристигна во Техеран, што е уште еден чекор во обновувањето на дипломатските врски помеѓу двата блискоисточни ривали. Предвидено е Фејсал да се сретне со иранскиот колега Хосеин Амирабдолахиан и со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси. Фејсал ќе ја отвори и Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран. Ријад и Техеран со …

Continue Reading

Седница на ЦК на Работничка партија на Северна Кореја посветена на економијата и одбранбената стратегија

Централниот комитет на владејачката Работничка партија на Северна Кореја од вчера одржа состанок на кој се разговараше за зајакнување на економијата и преиспитување на одбранбената стратегија во „променетата меѓународна ситуација, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА. На состанокот присуствуваше и лидерот Ким Џонг-ун, но не е наведено што тој изјавил. Според денешното соопштение објавено од КЦНА, состанокот на Централниот комитет ќе …

Continue Reading

Африканските лидери пристигнаа во Русија

Претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоса денеска пристигна во Русија, еден ден по посетата на Киев. Предвидено е Рамафоса во Санкт Петербург да се сретне со рускиот колега Владимир Путин, со кој ќе разговара за ситуацијата во Украина. Рамафоса ја предводи африканската делегација составена од сенегалскиот лидер Маки Сал, претседателот на Замбија, Хакаинде Хичилема, египетскиот премиер Мустафа Мадбули и специјалните …

Continue Reading

Затрупан влезот во градската депонија на Кочани, отпадот се истура покрај патот кон Пониква

Влезот во градската депонија на Кочани денеска е затрупан со отпад и комуналните возила на КЈП „Водовод“ не можат да влезат внатре за да го депонираат ѓубрето. Купиштата отпад се расфрлани и од двете страни на регионалниот патен правец кон Пониква, а од распаѓањето на органските отпадоци се шири силна смрдеа и се излева течност по асфалтот и ги контаминира …

Continue Reading

Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики

Обилните дождови предизвикаа проблеми во Солун и во реонот на Муданија, на полуостровот Халкидики, изјави директорот на Службата за цивилна заштита на регионот Централна Македонија, Хараламбос Стергиадис, Тој додаде дека дождот предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија во регионот Муданија. Противпожарната служба примила повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, вклучително и Солун и Халкидики, за испумпување на …

Continue Reading