Возило со косовски таблички паднало во реката Лепенец, се трага по три лица, едно е спасено

Возило со косовски регистарски таблички паднало во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце. Во возилото покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП …

Continue Reading

Манчини: Не е лесно да се стигне до завршница на турнри со подмладена репрезентација

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини ги искажа своите впечатоци од настапот во Лигата на нации. – Младите играчи играа во ова квалификациско коло од Лигата на нации. Новиот пат на репрезентацијата е веќе започнат, бидејќи не е лесно да се стигне до завршната фаза од Лигата на нации со група млади играчи. По втор пат стигнавме до оваа …

Continue Reading

МНР ја потврди веста за сообраќајната несреќа во Албанија во која загина осумгодишно дете од Гостивар

Министерството за надворешни работи информира дека денеска на магистралниот пат Ељбасан-Пеќин, Република Албанија, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинало осумгодишно дете, A. K. од Гостивар, државјанин на Република Северна Македонија, додека двајца сопатници, T. Б. и Р.К. се вон животна опасност и на лекување во локалната болница во Ељбасан. Амбасадата на Северна Македонија во Тирана, како што е …

Continue Reading

Во сообраќајна несреќа во Албанија животот го загуби осумгодишно дете од Македонија

Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила во Албанија животот го загубило осумгодишно дете од Северна Македонија, а пет лица се повредени. -Сообраќајната несреќа се случила  на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Паулеш. Во несреќата учествувал автомобил марка „голф” со гостиварски регистарски таблички управуван од македонската државјанка Т.Б. кој се движел од Елбасан кон Пеќин и автомобил управуван од …

Continue Reading

Путин до африканските лидери: Русија е отворена за конструктивен дијалог

Рускиот претседател Владимир Путин, на средбата со африканските лидери во Санкт Петербург, изјави дека Москва го поздравува нивниот балансиран пристап кон конфликтот во Украина, додавајќи дека Русија е отворена за дискуси. – Отворени сме за конструктивен дијалог со сите кои сакаат мир заснован на принципите на правдата и разгледување на легитимните интереси на страните (во конфликтот), истакна Путин. Африканската делегација …

Continue Reading

ЦУК: Запрен истекот на вода од ХЕЦ „Вруток“ за да нема дополнителен прилив во Вардар

Центарот за управување со кризи (ЦУК) координираше да се сопре целосно истекот од ХЕЦ „Вруток“ за да нема дополнителен прилив на вода во коритото на реката Вардар. Нивото на реката Вардар е високо, па ова е превентивна мерка од можните излевања на реката во Полошката Котлина. -Според последните податоци од хидролошките станици низ земјава се уште е висок водостојот во …

Continue Reading

Азар има опција да се врати во Белгија

Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Еден Азар би можел да се врати во Белгија, тврди новинарот Саша Таволиери. Триесет и двегодишниот Белгиец има опција да се пресели во РВДМ-47, за кој веќе настапува помладиот брат на Еден, Килијан. Доколку одлучи таму да продолжи со кариерата, тогаш финансиските услови од договорот ќе бидат споредни. Минатата сезона „RVDM-47“ го …

Continue Reading

Бајден: Украина мора да ги исполни сите услови за членство во НАТО

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска изјави дека Украина мора да ги исполни сите услови како и другите земји за да стане членка на НАТО. Тој наведе дека не треба да ѝ се олесни пристапот на Украина. Украина не може да биде фаворизирана и мора да се почитуваат сите критериуми. Значи, нема да и олесниме, посочи Бајден. Тој додаде дека …

Continue Reading

Утре облачно со локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре претпладне времето ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје претпладне ќе биде …

Continue Reading