Левица: Министерот Меџити на службениот фб-профил на македонската јавност ѝ се обраќа на албански јазик

Скопје, 19 јуни 2023 Фатмир Меџити, министер за здравство на службениот фејсбук профил на македонската јавност ѝ се обраќа на албански јазик. Односно, сите текстови се напишани на албански јазик, а потоа е даден превод на македонски јазик или, пак, воопшто нема превод. Со ваквиот однос кон употребата на македонскиот јазик, кој е службен на цела територија на Македонија, тој …

Continue Reading

Претседателот Пендаровски ги посети критичните подрачја погодени од невремето во Крива Паланка

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги посети најкритичните локации со свлечишта во Општина Крива Паланка настанати од поплавите што изминативе денови беа предизвикани од поројните врнежи од дожд. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски,со претставници од општинските служби го информираа претседателот Пендаровски за настанатите штети во градот и околината, за состојбата на патната инфраструктура, свлечиштата од поголем обем и превземените мерки …

Continue Reading

Бебешкиот бонус „не“ е за имигрантите, корисници само за оние кои живеат во Албанија

На албанските државјани кои живеат во странство повеќе нема да им следува бебешки бонус за новороденче. Ова право предвидено со владината програма, што почна да се реализира од јануари 2019 година, ќе го остваруваат само родители на бебе постојани жители во Албанија. – Министерството за здравство и социјална заштита во предлог-законот што се очекува да помине на одобрување во парламентот …

Continue Reading

Маричиќ: Вредни се за разгледување барањата на Мицкоски кои се движат во Преговарачката рамка

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оценува дека се вредни за разгледување сите барања, очекувања или услови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан  Мицкоски кои, како што нагласува, се движат во Преговарачката рамка. -Мицкоски изнесе повеќе услови за гласање, според мене, добро е што дијалогот започна и добро е што се премина таа линија на табу околу гласањето, односно околу поддршката …

Continue Reading

Трета фаза од дезинсекцијата против ларви од комарци во Скопје

Град Скопје информира дека в среда (21 јуни) ќе се реализира третата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на Скопје против лаври од комарци. Во раните утрински часови ќе се реализира авионската дезинсекција (трета фаза) против ларви од комарци, а во текот на денот и трета фаза од терестричната (земјена) дезинсекција. -Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе …

Continue Reading

ОМД назначи тројца нови членови на Одборот

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечката глобална организација што го претставува гласот на Македонците насекаде во светот – со задоволство го објавува назначувањето на Софи Иванов, д-р Јован Ласковски и Александар Поповски за членови на Глобалниот Борд на ОМД. Од 2004 година, ОМД е секогаш на првата линија на меѓународното македонско застапување, зачувување на културата и напорите за образование, градејќи …

Continue Reading

Ковачки: До нас стигна информација дека тројца полицајци и еден војник на Косово се влезени на наша територија

До нас стигна информација дека тројца полицајци и еден војник на Косово се влезени на наша територија и дека биле задржани од нашите полицајци во с. Орман. *Главното прашање е како може припадници на странски униформирани вооружени сили да престојуваат на наша територија без придружба на МВР. Спасовски нека шета по кампањи рамо до рамо, а странски униформирани лица нека …

Continue Reading

Иран и Узбекистан ја интензивираат билатералната соработка

На денешната средба во Техеран, претседателот на Иран и на Узбекистан, Ебрахим Раиси и Шавкат Мирзијоев договорија продлабочување на билатералната соработка. Тоа е прва посета на узбекистански претседател на Иран по повеќе од две децении. На средбата потпишани се и 11 договори за соработка во различни области, вклучително трговијата, транспортот, фармацевтските производи, технологијата и земјоделството. Иран и Узбекистан, кои се …

Continue Reading

Во Лепенец пронајдено косовското БМВ со телата на тројцата патници

Пронајден е автомобилот БМВ со косовски таблици и телата на тројцата патници во реката Лепенец во близина на местото каде вчера попладне падна по сообраќајна несреќа, потврдуваат извори од истрагата за МИА. Возилото го пронашле нуркачите од полициската специјална единица Тигри и во моментов се извлекува. Вчера попладне во возилото БМВ со косовски таблици удрил Фолксваген туран со скопски таблички …

Continue Reading