Во Лепенец пронајдено косовското БМВ со телата на тројцата патници

vozilo nesrekja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пронајден е автомобилот БМВ со косовски таблици и телата на тројцата патници во реката Лепенец во близина на местото каде вчера попладне падна по сообраќајна несреќа, потврдуваат извори од истрагата за МИА.







Возилото го пронашле нуркачите од полициската специјална единица Тигри и во моментов се извлекува.

Вчера попладне во возилото БМВ со косовски таблици удрил Фолксваген туран со скопски таблички по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје. Во возилото биле и неговата мајката, таткото и 16-годишниот брат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK