Лишен од слобода 46-годишниот З.А. од гостиварски Градец

  Полициски службеници од СВР Тетово- Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (29 јуни) околу 15 часот, на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, го лишиле од слобода 46-годишниот З.А. од гостиварски Градец, поради сомнение дека извршил кражба во објект во Гостивар. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Договор за сукцесија на поранешна СФРЈ, до каде се стигна со поделбата на 123 недвижности

1 јули 2023 РТС Договорот за сукцесија на поранешна СФРЈ беше склучен во Виена во 2001 година и стапи во сила три години подоцна со потписот на последната земја наследничка Хрватска. Седум анекси за поделба на имотот беа потпишани од тогашната СРЈ, во чиј состав беа Србија и Црна Гора, потоа Хрватска, Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина. Најинтересен за …

Continue Reading

Од денеска без ограничени маржи, цените на основните производи ќе ги дефинира пазарот

Од денеска веќе не е во сила Одлуката за ограничување на трговските маржи со која беа опфатени белиот леб, шеќерот, сончогледово масло, брашното од пченица, тип 400 и тип 500, макароните и шпагетите, оризот, трајното кравјо млеко, јајцата, урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот. Цените на овие основни производи ќе се утврдуваат според пазарните услови. Од Министерството за …

Continue Reading

Струјата по нова цена, од 1 декември повторно евтина дневна тарифа

Корисниците на регулираниот пазар на електрична енергија почнувајќи од денеска па во наредните шест месеци ќе ја плаќаат струјата по нова цена што во вторникот ја одреди  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Согласно одлуката, за 7,04 проценти се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, во вториот блок ќе биде …

Continue Reading

Изложба „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрин

Во Кинотека вечер ќе биде отворена изложбата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен. Црно – белите фотографии на музичарите кои публиката ќе може да ги види се всушност дел од неговата книга издадена за време на ковид пандемијата со ист наслов „Забранети луѓе“. Делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, е своевиден книжевен документарец за незавидната состојба на дел …

Continue Reading

Министерот Николовски на Конференција на ФАО во Рим

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска и утре во Рим ќе учествува на 43-та Конференција на ФАО, на која ќе се гласа за избор на Генерален директор на ФАО. Во рамки на посетата министерот Николовски ќе оствари средба со генералниот директор на ФАО, како и билатерална средба со министерот за земјоделство на Азербејџан, соопшти МЗШВ.

Continue Reading

Од денеска летен режим за сообраќај за тешки товарни возила

Од денеска до 31 август на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на викендот и за денови при екстремно високи температури. Како што информира АМСМ, забраната се однесува за следните термини: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота …

Continue Reading

Патарина со еден „таг“ во Македонија и Србија

Македонија и Србија од денеска применуваат заеднички систем за наплата на патарина со еден „таг“.  Наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини. Од Јавното претпријатие за државни патишта за МИА информираа дека системот ги поминал успешно сите тестирања, подготвен е за употреба и е функционален. …

Continue Reading

Сончево и топло, попладне дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до …

Continue Reading