Зеленски: Слаб одговор на Путин на бунтот, тој ја губи контролата врз сопствениот народ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека одговорот на Владимир Путин на вооружениот бунт на „Вагнер“ бил слаб и оти рускиот претседател ја губи контролата над сопствениот народ. – Сета таа вертикална моќ, која некогаш ја имаше, сега само се урива, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен. Тој наведе дека извештаите на украинската разузнавачка служба покажуваат дека Кремљ ја мери поддршката …

Continue Reading

Бегај за Клинтон: Одлуките кои ги донесе за Косово го ставаат на пиедесталот на најдрагите пријатели

Албанскиот претседател Бајрам Бегај реагираше во однос на посетата на поранешниот претседател Бил Клинтон на Албанија, наведувајќи дека „Албанците се вечно благодарни за се што Клинтон направи за нашиот народ, особено за Косово“. Во објава на Фејсбук Бегај наведува дека одлуките што ги донел Клинтон за иднината на Косово го поставиле на пиедесталот на најдрагите пријатели. -Добредојдовте во Тирана претседателе …

Continue Reading

Семејството на Навални поднесе тужба бидејќи не им е дозволено да го посетат во руски затвор

Семејството на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој е во затвор, поднесе колективна тужба против затворската колонија која не им дозволува да го посетат и има намера да го изнесе случајот до Уставниот суд доколку е потребно, објави денеска Навални на Инстаграм. „Јас сум осуденик. И никогаш не престануваат да ме потсетуваат дека сум ‘како и сите други’. Но, имав …

Continue Reading

Во Кавадарци презентација на еколошка мултифункционална модуларна ветерна турбина за производство на струја

Во Општина Кавадарци денеска од страна на австриска компанија беше презентирана нова еколошка мултифункционална модуларна ветерна турбина за производство на електрична енергија, која може да се интегрира во постоечките системи, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. – Презентацијата беше од отворен карактер за сите заинтересирани и на неа се разви дискусија за можностите кои ги нуди …

Continue Reading

Николоски: Корупцијата мора да се удри во чело, но СДС и ДУИ не може да се удрат самите себеси, бидејќи од нив почнува криминалот

Корупцијата во Македонија оди од врвот па до најниското ниво, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на телевизија Алфа, потенцирајќи дека единствено нешто што ги спојува СДС и ДУИ е криминалот и корупцијата. Корупцијата мора да се удри во чело и да се удри во врвот доколку сакаме резултат. Но, тоа сега е …

Continue Reading

Во Франција и вечерва 45.000 полицајци ќе се справуваат со нередите

Четириесет и пет илјади полицајци се мобилизирани и вечерва за да г контролираат протестите што веќе шеста ноќ по ред се одржуваат во поголемите градови во Франција, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.  На безбедносните сили им е дадена наредба да спречат секаков обид за насилство и да ги приведуваат извршителите. Нередите во Франција избувнаа во вторникот откако …

Continue Reading

Дворот на училиштето „Пенестија” во Дебар од утре пренаменат во паркиралиште

Општина Дебар попладнево информираше дека дворот на Основното општинско училиште „Пенестија” од утре ќе биде пренаменат во паркиралиште, со цел да се намали сообраќајниот метеж поради доаѓањето на иселениците и зголемувањето на бројот на возила. – Како и секоја летна сезона и  оваа година се очекува на одмор да дојдат голем број наши сограѓани кои живеат и работат во странски …

Continue Reading

Телефонски разговор Мицотакис – Бајден, потврдени блиските врски меѓу двете земји

Двајцата лидери ги потврдија блиските врски меѓу двете земји, како и нивната волја за зајакнување и продлабочување на одличната грчко-американска соработка, особено на полето на одбраната и енергетиката, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер за телефонскиот разговор што Киријакос Мицотакис го имал вечерва со претседателот на САД Џо Бајден, јави дописничката на МИА од Атина. Бајден му ја честитал победата …

Continue Reading

Хоти: Двоецот Курти–Османи стана проблем за европската безбедност

Поранешниот косовски премиер, сега пратеник на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Авдулах Хоти вели дека двоецот кој го сочинуваат актуелниот премиер, Албин Курти и претседателката на државата, Вјоса Османи се претвори во проблем за европската и западната безбедност, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Хоти вели дека изолацијата и санкциите кои ги воведоа …

Continue Reading