Автомобил во движење се преврте на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје

Едно лице е повредено попладнево кога автомобилот со кој управувало се преврте на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје, во близина на кулите Џевахир. На местото на несреќата дојде возило на Итната медицинска помош и од возилото беше извлечено повреденото лице. Засега нема информации за природата на повредите и за причините за несреќата.

Continue Reading

Вучиќ утре на средба со Столтенберг во Брисел

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. По средбата Столтенберг и Вучиќ заедно ќе се обратат пред медиумите, соопшти НАТО. Вучиќ на 6 јули најави дека поради ситуацијата на Косово ќе побара средба со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, како и седница на Советот за безбедност на ОН.

Continue Reading

Во Охрид од 22 јули до 13 август петиот по ред Летен маратон на комедијата

На програмата на петиот по ред „Summer Comedy Marathon“ што од 22 јули до 13 август ќе се одржува во Охрид се 21 шоу-претстави, од кои дел се стандардни стенд-ап комедии, но и други форми комедија со интеракција на публиката. Како што беше истакнато на денешната прес-конференција во врска со прогграмската шема на манифестацијата, маратонот на комедијата стартува на 22 …

Continue Reading

Меси го одработи првиот тренинг со Интер Мајами

Големата фудбалска ѕвезда Лионел Меси денес го имаше првиот тренинг со Интер Мајами. Ова го објави прес-службата на клубот на својот Твитер профил, објавувајќи фотографија и напиша: „Извештај за првиот тренинг“. Покрај Меси на теренот беше и Серхио Бускетс, уште едно големо засилување за Интер Мајами. Тие потпишаа договор со МЛС-лигашот до 2025 година. Годишната плата на Меси ќе изнесува …

Continue Reading

Кривична пријава за скопјанец осомничен за „криумчарење мигранти“

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Ј.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. – На 12.07.2023, при обиколка на терен во Гевгелија, во населба Караорман, полициски службеници го забележале пријавениот како со неговото патничко возило „рено лагуна” презема 10 лица мигранти од Сирија и Египет, од кои четири малолетници. Притоа, тој не застанал …

Continue Reading

Трамп: Примив писмо од обвинителот, јас сум „мета на истрагата“ за упадот на Капитол

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека денеска добил писмо од специјалниотобвинител Џек Смит, во кое тој наведува дека Трамп е „мета на истрага“ на федералната голема порота за настаните што доведоа до 6 јануари 2021 година до упад во американскиот Капитол. „Обвинителот на Бајден во Министерството за правда, испрати писмо во кое се наведува дека сум цел на истрага …

Continue Reading

Кикиљас: Денеска имавме 81 пожар

Денеска дали од невнимание, дали од криминална небрежност или од потпалување имавме 81 пожар, од кои четири сериозни, истакна вечерва министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас за денешните пожари во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Објасни дека во четирите големи пожари интервенирале вкупно 544 пожарникари со 198 возила, а од воздух периодично гаснењето …

Continue Reading

Постекоглу: Кејн е целосно посветен на Тотенхем

Тренерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, рече денеска дека напаѓачот Хари Кејн е целосно посветен на клубот, коментирајќи ги со тоа шпекулациите околу иднината на капитенот на лондонскиот премиерлигаш. Кејн (29) е голема трансфер желба на минхенски Баерн, кој досега испрати две понуди до лондонскиот клуб, кои беа одбиени, а германскиот гигант најави и трета понуда, повисока од претходните две кои …

Continue Reading

Ахмети оствари средба со меѓународните претставници и амбасадорите на Германија, Франција и Полска

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети оствари средба со г-ѓа Ана Лирман, министерка за Европа во Сојузна Република Германија, г-ѓа Лоренс Бун, државен секретар за Европа во Советот на министри на Република Франција и г. Шимон Шинковски вел Сенк, министер за европски прашања на Република Полска, како и амбасадорите на Германија, Франција и Полска во Северна Македонија. Во …

Continue Reading