Серија руски напади врз Киев и други делови на Украина

Русија започна бран големи напади врз Киев и други делови на Украина, соопштија украинските власти рано изутринава, додека Москва се подготвува да го прослави Денот на победата по повод годишнината од нејзината победа над нацистичка Германија. Најмалку пет лица се повредени во руските напади врз Киев, а според украинските власти, руски проектили запалиле складиште за храна во Одеса на Црното …

Continue Reading

Седница на собраниските комисии за европски прашања и за политички систем

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за европски прашања. На дневен ред на Комисијата за европски прашања се предлог законите за изменување на законите за финансиска дисциплина и т за финансиските друштва, како и Предлог законот за парничната постапка, Предлог законот за вештачење и Предлогот законот за нуспроизводи од животинско …

Continue Reading

Пратеници од помалите партии ќе информираат за предложените измени на Изборниот законик

Пратеници од помалите парламентарни партии предлагачи на Предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик денеска ќе одржат прес-конферениција во Собранието. Како што информираат од собраниската прес-служба, на пресот ќе се обратат пратениците Павле Трајанов, Димитар Апасиев, Моника Зајкова, Маја Морачанин, Боби Мојсовски, Бејџан Иљас, Љупчо Балковски, Борислав Крмов, Панчо Минов и други. Со конституирање на работната група за реформи …

Continue Reading

Членот на Советот на јавни обвинители Ермон Незири ќе даде свечена изјава во Собранието

Ермон Незири, член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Скопскиот обвинител Ермонд Незири на 26 април беше избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на заедниците кои не се мнозинство во земјава. Како што информираа од Комисијата за спроведување на изборот, од вкупно …

Continue Reading

СБ ќе презентира извештај „Зелен раст во секторот земјоделство во Македонија“

Светска банка денеска ќе го презентира извештајот насловен „Зелен раст во секторот земјоделство во Северна Македонија“, кој ќе биде претставен на претставници од земјоделскиот сектор во земјата. Како што информираат од Канцеларијата на СБ во државава, на презентацијата воведно обраќање ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Фрауке Јунгблут, менаџер во Светска банка за регионот на …

Continue Reading

Жителите на скопско Бојане без вода

Од 9:00 часот денеска без вода ќе бидат корисниците од скопското село Бојане во Општина Сарај. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради чистење на резервоарот во селото Бојане. Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Continue Reading

„Животни“ – изложба на керамики од Соња Поповска Трајковска

Во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2 вечер ќе биде отворена изложбата на керамики од Соња Поповска Трајковска „Животни“. Изложбата ќе биде отворена до 15 мај. -Животните се голема инспирација за творештво. Нивната разноликост е површина за обработување со многу капацитет за текстура, стилизација, линија. Урбаноста на секојдневието ме наведе да им посветам дел од серијалот /циклус на животните, …

Continue Reading

Промоција на „Папокот на светлината“ во Градската библиотека во Скопје

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечер ќе биде промовиран романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски, добитник на наградата „Стале Попов“ за 2022 година. За делото ќе говори проф. д-р Кристина Николовска, фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски, а модератор на настанот ќе биде Братислав Ташковски. -„Папокот на светлината“ е роман за потрагата по Бога, на препознавањето на …

Continue Reading

Претпладне сончево, побладне облачно со дожд и грмежи, од утре посвежо

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Од утре, најавува УХМР, следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец. Врнежите ќе …

Continue Reading