Промоција на е-државјанство

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе промовираат е-државјанство. Настанот ќе се одржи претпладне во Една точка за услуги (ЕТУ) во Скопје.

Continue Reading

Лајчак: Продолжуваат разговорите помеѓу Белград и Приштина

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, синиоќа по рундата технички дијалог во Брисел, изјави дека се зборувало за спроведување на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Лајчак истакна дека ќе продолжат разговорите. По заедничката средба со главните преговарачи на Белград и на Приштина, Лајчак на Твитер објави дека целта …

Continue Reading

Илјадници Грци се поклонија во Атина пред чудотворната светогорска икона на Богородица

Илјадници верници во Атина, кои пристигнаа од различни делови на Грција во изминатите две седмици се поклонија пред чудотворната икона на Пресвета Богородица од Света Гора, која специјално беше донесена во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина. Иконата заштитничка на светогорските манастири, насликана во ерата на византиското иконоборството во Константинопол и наречена „Аксион ести“ (Достојно е) се изнесува …

Continue Reading

„Балкански денови за сајбер безбедност 2023“ во Охрид

Во Охрид од денеска до 18 мај ќе се организира средбата под наслов „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“, во организација на Женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance), Форумот за справување со инциденти и безбедносни тимови (FIRST- Forum for Incident Response and Security Teams) и MKD-CIRT Националниот центар за одговор на …

Continue Reading

Конференција „Заштита на вашиот бизнис во дигиталната ера“

„Заштита на вашиот бизнис во дигиталната ера“ е темата на конференцијата која ќе се одржи денеска во Македонска Филхармонија. – Ова издание на А1 SecurityThink кое ќе се фокусира на најновите трендови во дигиталната индустрија ќе проба да одговори на прашањата кои се предизвиците во сајбер безбедноста денес и кои се начините за ублажување на ризиците од сајбер напади, известуваат …

Continue Reading

Концерт на хорот на „Танец“ и промоција на книги во рамкте на Денови на македонската музика 2023

Концерт на хорот на Национална установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и промоција на книги ќе бидат одржани вечер во Музеј на револуционерната борба. Програмата е во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика 2023“ на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ. – Хорот ќе изведе литургиски творби од црковно-музички дејци кои дејствувале на територијата на нашата …

Continue Reading

Денеска и утре времен режим на улица „Даме Груев“ во Скопје

Од ЈП Улици и патишта Скопје информираат дека во зависност од временските услови денеска и утре ќе се реализират градежни активности за асфалтирање на пешачки патеки на ул. „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“. Во периодот од 8 часот наутро до 15 часот попладне, ќе биде воведен времен режим на сообраќај. …

Continue Reading

Киев цел на исклучително интензивен напад

Киев синоќа беше цел на руски воздушен напад, што украинските власти го оценија како исклучително интензивен. Тоа е осми таков напад врз главниот град на Украина овој месец. Воздушната тревога сега е укината низ целата земја. – Нападот беше исклучителен по својата интензитет, максимален број проектили во најкраток временски период, изјави шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко. …

Continue Reading

Претседателот на Врховниот суд на Украина е приведен поради поткуп од 2,7 милиони долари

Претседателот на Врховниот суд на Украина Всеволод Књазев е приведен за поткуп од 2,7 милиони долари. Апсењето беше објавено вчера, денот кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се врати во земјата по тридневната турнеја низ Европа. Зеленски најави дека добил ветувања за поголема помош од сојузниците и увери дека поддршката за пристапот на Украина во Европската унија е зголемена. Националното биро …

Continue Reading