Штајнмаер ја поддржува идејата за намалување на старосната граница за гласање

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер ја поддржува дебатата за намалување на старосната граница за гласање во Германија од 18 на 16 години. Штајнмаер, член на Социјалдемократската партија (СПД) и поранешен министер за надворешни работи, за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека долго време бил скептичен, но дека имало голема демографска промена со зголемен удел на повозрасни лица во електоратот. Во ваква …

Continue Reading

Димитријевиќ МВП на плејофот во ВТБ-лигата

Македонскиот кошаркар и играч на УНИКС Казан, Ненад Димитријевиќ, ја доби наградата МВП (најкорисен играч) на плејофот на ВТБ-лигата за сезона 2022/23. Вчера УНИКС Казан го совлада Локомотив-Кубан Краснодар во петтиот меч од финалната плејоф серија (98:89, 4-1) и стана победник на ВТБ Јунајтед лигата за прв пат во клупската историја. Македонскиот репрезентативец постави личен рекорд со 34 поени. Димитријевиќ …

Continue Reading

“Надоградете ги вашите лидерски вештини: Програма за претприемништво и менаџмент за извршни директори / менаџери во склоп на Прогресив Академија.”

Едукацијата, истражувањето и амбициите во животот се клуч за успех за професионален кариерен развој на една индивидуа. Надградбата на менаџерското знаење е клучна за успешното водење на компанијата. Со растот на технологиите, глобализацијата и конкуренцијата, сопствениците на компании, раководителите, менаџерите и сите оние кои сакаат да напредуваат мораат да се надградуваат со нови знаења и вештини за да ги водат …

Continue Reading

На Инзаги сеедно му е со кого ќе се соочи во финалето на Лигата на шампионите

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги зборуваше за противникот во финалето на Лигата на шампионите. Неговиот тим синоќа го победи Милан со 1:0 и со вкупни 3:0 избори финале во елитното фудбалско натпреварување. – Реал Мадрид и Манчестер сити се двете најдобри екипи во Европа. Среќен сум за нас. Со големо внимание ќе го гледам реваншот, но немам посебна желба за …

Continue Reading

Бизнис форум и билатерални средби на македонски и фински компании

Стопанската комора на Северна Македонија и Амбасадата на Финска денеска во Скопје организираат бизнис форум по повод 30 години дипломатски односи меѓу двете држави. Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка, на бизнис форумот ќе биде презентирана бизнис климата во Финска, како и можностите за соработка, а ќе се реализираат и билатерални средби помеѓу компании од двете земји за …

Continue Reading

Финансиска помош од 130 милиони долари за Украина од Јужна Кореја

Јужна Кореја потпиша договор со Украина, кој предвидува 130 милиони долари финансиска помош за Киев. Јужнокорејската помош уследи еден ден откако првата дама на Украина, Олена Зеленска побара воена помош за време на нејзината посета на Јужна Кореја. Министерството за финансии на Јужна Кореја соопшти дека министерот Чу Кјо-хо и украинската министерка за економија Јулија Свириденко, во Сеул го потпишаа …

Continue Reading

Гувернерот на Флорида испраќа повеќе од 1.100 војници на границата со Мексико

Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, соопшти дека планира да испрати повеќе од 1.100 војници на Националната гарда и службеници за спроведување на законот во Тексас за да помогнат во обезбедувањето на границата меѓу САД и Мексико. Републиканскиот гувернер рече дека испраќа 800 војници, 200 службеници од Одделот за спроведување на законот на Флорида, 101 државен војник и 20 службеници за …

Continue Reading

Бродолом во Индиски Океан 39 морнари се водат како исчезнати

Триесет и девет морнари се водат како исчезнати откако се преврте кинески рибарски брод во централниот дел на Индиски Океан, јави Кинеската телевизија. На бродот „Лупенг јуатуи 28“ имало 17 кинески државјани, 17 Индонезијци и пет Филипинци, сите се водат како исчезнати. По инцидентот, кинескиот претседател Си Џинпинг нареди да се испратат дополнителни спасувачки сили на местото на несреќата и …

Continue Reading

Состојба на патишта

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата …

Continue Reading