Во Гевгелија денеска почнува „Саем на книгата 2023“

Библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија од денеска организира „Саем на книгата 2023“ на кој своите изданија ќе ги претстават македонски издавачки куќи, информираа од гевгелиската библиотека. Саемот ќе биде поставен на платото пред Народниот театар во Гевгелија и ќе биде отворен од денеска до 23-ти мај (вторник) секој работен ден од 10:00 до 20:00 часот. На Саемот ќе бидат понудени …

Continue Reading

Санкционирани 176 возачи во Скопје, 46 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола и осум санкции за непочитување на првенство на минување. Како што соопшти МВР, изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции минување на затворен …

Continue Reading

Награди од Општина Охрид за успешните ученици и нивните ментори

Општина Охрид оваа година првпат покрај стипендиите што ги доделува за учениците од општинските основни и средни училишта и традиционалното доделување награди за постигнати успеси, за празникот 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ ќе додели и парични награди за учениците од основните и средните училишта во општината и нивните ментори кои постигнале успеси на државни …

Continue Reading

Мажите може да ослабат со акупунктура на ушите

Мажите можат да ослабнат со акупунктура на увото, се посочува во ново истражување претставено на Европскиот конгрес за борба со дебелината во Ирска оваа седмица. Резултатите се објавени во научното списание „Би-ем-џеј Опен гастроентеролоџи“ (BMJ Open Gastroenterology). Според научниците, апетитот за одредена храна може да се контролира со помош на метални топчиња наместо традиционални игли. Водечкиот автор на научниот труд …

Continue Reading

Во Германија најдени човечки отпечатоци стари 300.000 години

Германски научници открија човечки отпечатоци стари 300.000 години. Станува збор за праисториските „Луѓе од Хајделберг“, одамна исчезната човечка цивилизација, кој пред 300 илјадалетија живеел во планините Харц во денешна Германија. Научниците веруваат дека овие совршено сочувани отпечатоци се најстарите досега пронајдени во Германија, пренесува „Скај њуз“ (Sky News). Отпечатоци од стапала биле откриени на палеолитското наоѓалиште Шенинген на планината Харц, …

Continue Reading

Без вода дел од населба Визбегово

Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица „3“ бр.7 во населба Визбегово, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „3;31“ и „Индира Ганди“. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на дефектот.

Continue Reading

Единаесет од 30-те земји на НАТО планираат да одвојат два отсто од БДП за одбрана

Единаесет од 30-те земји на НАТО ќе одвојат најмалку 2,0 отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана во 2023 година, се вели во најновиот извештај на Институтот за економски истражувања ИФО во Минхен. Во 2014 година, земјите-членки на Алијансата се обврзаа да издвојат најмалку два отсто од својот БДП за одбрана во рок од 10 години, но повеќето …

Continue Reading

Хирошима се подготвува за самитот на Г7

Лидерите на Г7 пристигнуваат денеска во Хирошима каде од утре до сабота ќе одржат самит на кој ќе разговараат за построги санкции кон Русија и заштитата од кинеската „економска принуда“. Јапонскиот премиер Фумио Кишида ќе биде домаќин на лидерите на шесте други најбогати земји, во неговиот роден град – град синоним за нуклеарно уништување. Во текот на следните три дена, …

Continue Reading

ФИФА го претстави логото за Мундијалот во 2026 година

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го откри логото за Мундијалот во 2026 година. Амблемот e комбинација на трофејот на Светското првенство и годината на турнирот. Промоцијата се одржа ноќеска во Лос Анџелес на кој учествуваа фудбалски легенди и специјални гости од Канада, Мексико и САД. Главните ликови беа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и двократниот победник на Светскиот куп, Бразилецот Роналдо. …

Continue Reading