Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Над 250 прекршочни платни налози изрекле инспекторите на Пазарниот инспекторат при направените надзори во периодот од 1 до 14 овој месец. Од Државниот пазарен инспекторат денеска информираа дека извршени се над 1100 надзори и издадени се прекршочни платни налози во вкупна вредност од нас 10,580,000 денари. Најголем дел од платните налози (90) изречени се по основ на Законот за трговија, …

Continue Reading

Гир и Ларсон Џаин: Да се изгради национален консензус за евроинтеграциите на државата

Евроамбасадорот во Северна Македонија Дејвид Гир и амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, денеска повикаа да се изгради национален консензус за евроинтеграциите на државава, како и поларизираноста во политичката дебата во Северна Македонија да се замени со конструктивен политички дијалог. -Не сакам да навлегувам во дебатата во врска со промените на Уставот, освен …

Continue Reading

Коњановски: Да се надминат недоразбирањата во Советот на Општина Битола

Очекувам дека, одредени недоразбирања кои постојат во Советот на Општина Битола да бидат надминати, повикувам на конструктивност и постапување согласно надлежностите и согласно барањата на граѓаните, порача градоначалникот Тони Коњановски на денешната вонредна седница на општинскиот Совет. Седницата беше свикана со цел да се запазат роковите за проектни апликации и обезбедување домашни и меѓународни средства, појасни Коњановски. – За да …

Continue Reading

Отворена изложбата на ликовниот уметник Горан Боев во Вински музеј Кавадарци

Слики портрети, пејзажи и апстракција, во акрил и комбинирана техника, се дел од изложбата на академскиот ликовен уметник Горан Боев, која денеска беше отворена во Вински музеј Кавадарци. Директорката на музејот, Весела Честоева појасни дека настанот е во чест на одбележувањето на 18 мај, меѓународниот ден на музеите, со поддршка од градоначалникот и Совет на општината Кавадарци. – Континуираното зголемување …

Continue Reading

Валас: Би било фантастично да станам генерален секретар на НАТО

Британскиот министер за одбрана Бен Валас изрази интерес да го наследи генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој ќе се повлече од функцијата во септември, јави ДПА. -Отсекогаш сум велел дека тоа ќе биде добра работа. Тоа е работа во која би уживал, изјави Валас за ДПА во Берлин. „Меѓутоа, ја сакам и мојата сегашна професија. Мислам – да бидам …

Continue Reading

Пригожин: Руската војска се повлече од Бахмут

Основачот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска ја обвини регуларната руска армија дека се повлекла 570 метри северно од градот и ги напуштила крилата што ги држеле неговите Вагнеровци, пренесе британски „Скај Њуз“. Силите на групата „Вагнер“ го предводеа нападот на Бахмут во една од најкрвавите и најдолги битки од војната во Украинба, која Москва сè уште ја нарекува …

Continue Reading

Објавен е новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“

Во Прилеп од печат излезе новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“, кое е прв број за оваа година. Списанието ги донесува редовните рубрики. Во рубриката „Златен венец на Струшките вечери на поезијата“ може да се прочитаат најнови песни на годинешниот лауреат Влада Урошевиќ, а во рубриката „Поезија“ се застапени песните од поетскиот ракопис „Мед и младост“ …

Continue Reading

Јаков Милатовиќ, најпопуларен политичар во Црна Гора

Новоизбраниот претседател на Црна Гора и заменик претседател на Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ е најпопуларниот политичар во Црна Гора со просечна оценка од 2,78. Минималната оценка што може да се даде е еден, а максималната е пет. Ова го покажуваат резултатите од првото годишно истражување на политичкото јавно мислење во Црна Гора на Центарот за демократија и човекови …

Continue Reading

Кривична пријава против скопјанец за сторена „измама“

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по чл.247 од Кривичниот законик. Како што информираат од МВР, пријавениот со лажно прикажување на факти довел во заблуда лице од Скопје дека за паричен надомест од 30.000 евра пред надлежните органи ќе му …

Continue Reading