Бројот на жртвите од самоубиствениот напад во Пакистан се искачи на 54

Бројот на загинатите во вчерашниот самоубиствен напад во северозападен Пакистан се искачи на 54. Додека 200 луѓе се повредени, од кои 14 се во тешка здравствена состојба. Бомбаш самоубиец вчера се разнесе на митинг на исламската политичка партија во Бајаур, планинска област во близина на границата со Авганистан, која некогаш била под контрола на пакистанските талибанци. Најмалку тројца осомничени беа …

Continue Reading

Државна лотарија го додели вториот автомобил од инстант лозот 7х7

Инстант лозот 7 х 7, продолжува да брои среќни приказни. Три исти симболи од автомобил HYNDAI Bayon, во среќното место „Сити Тобако“, изгребала Константина Трпкоска, на која ги предадовме клучевите од вториот автомобил од вкупно 14 кои ги нуди инстант лозот 7х7. Тимот на Државна лотарија се сретна со добитничката пред автосалонот „Гранд ауто“ во Скопје, а Константина, заедно со …

Continue Reading

Галатасарај му понуди четиригодишен договори на Паредес

Фудбалерот од средниот ред на пари Сен-Жермен, Леандро Паредес би можел да се пресели во Галатасарај. Турскиот клуб го договорил трансферот на 29-годишниот играч за шест милиони евра, тврди новинарот Николо Шира. Со самиот Аргентинец, Истанбулците се подготвени да потпишат договор до 2027 година. Паредес е убедуван да оди во Галатасарај и од новодојдениот во клубот Мауро Икарди, кој играше …

Continue Reading

Приведено едно лице при претрес во Охрид, пронајдена дрога

На плажа во близина на Охрид, утрово околу 02.00 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(34) од Охрид. При преглед во возилото „бмв“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, информираа денеска од МВР, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин и марихуана. – Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и …

Continue Reading

Српскиот функционер Петковиќ и заменик министерот за надворешни работи на Кина разговараа за безбедносната состојба на Косово

Директорот на српската владина канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска во рамки на официјалната посета на Кина разговараше со заменик министерот за надворешни работи на Кина Денг Ли за безбедносната состојба на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. Во соопштението од Канцеларијата за Косово и Метохија се наведува дека Петковиќ го информирал Денг за тешката безбедносна ситуација …

Continue Reading

Маринакис: Грција е безбедна земја за туристите

Грција е целосно безбедна земја за посетителите, нашиот план за туризмот се спроведува нормално, порача портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за последиците што би можеле пожарите во земјата да ги имаат врз туризмот, но и за пораката што ја испраќаат до туристите кои се …

Continue Reading

Од 13 часот блокада на железничкиот сообраќај, бојкот на машинскиот и извршниот персонал

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ „Транспорт“ денеска од 13 часот ќе стапи во бојкот, со целосно блокирање на железничкиот сообраќај низ земјава. Како што изјави за МИА претставникот на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи, Тони Димовски, бојкотот е поради неисплатен втор дел од платата за јуни, но и за покачување на коефициентите. -Бојкотот е …

Continue Reading

Песков: Нападот со дронови врз Москва е знак на украинскиот очај

Кремљ оцени дека вчерашните напади со дронови врз Москва е украински „чин на очај“ бидејќи контраофанзивата на Киев пропаѓа. -Очигледно е дека контраофанзивата не беше успешна, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, опишувајќи ја ситуацијата како „многу тешка“ за украинските сили, за кои вели дека „немаат никаков успех“. „И како чин на очај, режимот во Киев прибегнува кон такви терористички …

Continue Reading

СВР-Битола на 1 и 2 август со посебен сообраќаен режим и мерки на патиштата што водат кон Крушево

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека на 1. и 2. август, поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден, во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. СВР Битола ќе воведе посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот на 1 август година кои ќе важат до 2 август, до 22.00 часот. …

Continue Reading