Борел се надева дека Украина наскоро ќе добие воени авиони Ф-16

Добро е што земјите од Г-7 конечно решија да и достават на Украина борбени авиони Ф-16. Веќе започна обуката на пилотите, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пред почетокот на денешниот состанок на европските министри за надворешни работи во Брисел. Се надевам дека наскоро ќе почнат испораките на борбени авиони за Киев, додаде тој, …

Continue Reading

Голем пожар во Манила ја уништи историската зграда на филипинската Централна пошта

Повеќе од 80 противпожарни возила синоќа го гаснеа огнот што изби во Централната пошта во главниот град на Филипини, Манила. Огнот е изгаснат по седум часа. Пожарот ја уништи историската зграда на филипинската Централна пошта. За време на пожарот во објектот немало луѓе. – Изгоре целата зграда, од подрум до петти кат, соопшти локалната власт, додавајќи дека се истражува причината …

Continue Reading

На територијата на државата изречени 464 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во рамки на вчерашната засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија санкционира 464 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 278 возила …

Continue Reading

Концерт на АКУД „Мирче Ацев“ – Скопје вечер во Дом на АРМ

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ – Скопје, вечер во Домот на Армијата ќе одржи концерт по повод Денот на сесловенските просветители. На концертот ќе настапат фолклорниот и хорскиот ансамбл на друштвото, како и народниот оркестар. Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското хорско, драмско и фолклорно творештво. Посочуваат дека седум …

Continue Reading

Скопското село Стајковци без вода

Без вода денеска од 10:00 часот се корисниците од улицата 11/ бб во скопското село Стајковци. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100 мм на улицата 11/ бб во скопското село Стајковци. Жителите ќе бидат без вода до завршување на интервенцијата.

Continue Reading

Ивановска: Со полна пареа го анализираме договорот со „Бехтел и Енка“

Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ го добивме и сме во фаза на негова анализа. Поброен тим ќе работиме на овој предмет, а веќе им се поделени задачите на советниците, изјави денеска претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска. Таа повтори дека имаат неколку советници од кои дел се вклучени во делот за јавни набавки, за работни односи, некој е …

Continue Reading

Мецола го осуди вандалскиот чин врз Домот на Европа во Софија

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола на Твитер го осуди вандализмот врз Домот на Европа во главниот град на Бугарија, Софија. Зградата во која се сместени Бирото на Европскиот парламент и Претставништвото на Европска обоена со црвена боја за време на вчерашниот протест на Преродба. Партијата претходно на својата Фејсбук страница објави дека ќе одат во Домот на Европа во …

Continue Reading

Партијата за движење на Турците: Опозицијата да се откаже од популизам и лични интереси и да се вклучи во евроинтеграциските процеси

Партијата за движење на Турците (ТХП) во преполната сала на Филхармонија на Северна Македонија го прослави 19 Мај – Ден на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот. На присутните им се обрати претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП) Енес Ибрахим, кој истакна дека турската заедница енергично и посветено работи за просперитетот на нашата земја, а …

Continue Reading

Бабовски на 90. Генерално собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, во својство на делегат, од 21 до 25 мај во Париз, Франција, учествува на јубилејното 90 Генерално собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH). Како што соопшти АХВ, Собранието ќе усвои измени и дополнувања на административни и технички резолуции со кои се регулираат политиките и имплементирачките акти …

Continue Reading