Ново тестирање на турска балистичка ракета Тајфун

Ново тестирање на турската балистичка ракета Тајфун е извршено денеска во турскиот град Ризе. Домашно произведената балистичка ракета со краток дострел може да погоди цел на растојание од 561 километар за 456 секунди. Пред тестирањето беа преземени опсежни безбедносни мерки на аеродромот Ризе-Артвин и неговата околина. Тестирањето на Тајфун е извршено во 06:44 часот по локално време (05:44 по средноевропско …

Continue Reading

Формирана Федерација на угостителско – туристички училишта

Федерација на угостителско – туристички училишта од регионот на Југоисточна Европа беше формирана денеска во Скопје, во рамки на дводневната конференција во организација на СУГС „Лазар Танев“. Целта, како што информираа, е покрај размена на ученици, да има и размена на професорски кадар на училишта од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Србија, Романија, Бугарија, Грција, Турција… Според …

Continue Reading

Уапсени три лица поради наводен заговор за уривање на германската Влада

Германското федерално обвинителство денеска соопшти дека полицијата уапсила уште тројца осомничени екстремни десничарски екстремисти поврзани со наводниот заговор на движењето Рајхсбургер, или движењето Граѓани на Рајхот, за соборување на германската влада. Тројцата осомничени беа приведени синоќа во југозападната покраина Баден-Виртемберг. Обвинетите се осомничени за членство во терористичка организација, се наведува во соопштението на Федералното обвинителство. Во декември, полицијата приведе 25 …

Continue Reading

Содржините на веб страницата на МЖСПП повторно достапни за јавноста

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека се отстранети пречките во функционирањето на веб страницата на Министерството и со тоа сите инфромации се повторно достапни на јавноста. Тоа, како што наведуваат од МЖСПП, подразбира дека и информациите за Националните црвени листи за што имаше реакции на јавноста во изминатиот период се видливи се достапни на следниот линк http://redlist.moepp.gov.mk/ …

Continue Reading

Шукова: Време е да се реши статусот на неформалните собирачи на отпад

Владата нема да отстапи од изнаоѓање финално решение за неформалните собирачи на отпад. Ова се група граѓани кои имаат права како и сите други во државата. Време е нивното прашање да се реши и тие да го добијат статусот што го заслужуваат, рече денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Како што истакна Шукова, имало обиди во …

Continue Reading

Под мотото „Писмото е нашиот универзум“ во Охрид ќе биде одбележан Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј

Под мотото „Писмото е нашиот универзум“, Владата на Република Северна Македонија организира дводневно свечено одбележување на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј. – Свеченото одбележување на празникот започнува денеска, во Охрид – колевката на словенската писменост. Оддаваме должна почит на непроценливата просветителска мисија на Светите Кирил и Методиј, со која ги поставија основите на сесловенската писменост …

Continue Reading

Света архијерејска литургија за споменот на Светите Кирил и Методиј во бигорскиот скит посветен на солунските браќа во село Битуше

Свештената бигорска обител информираше дека на денот кога Православната црква го слави споменот на Светите рамноапостолни сесловенски просветители, духовните наши родоначалници, солунските браќа Кирил и Методиј, утре, на 24 мај, со почетокот во 9 часот, ќе се отслужи Света архијерејска литургија во бигорскиот скит посветен на солунските браќа во селото Битуше. Со Светата архијерејска литургија ќе чиноначалствува неговото преосвештенство, епископот …

Continue Reading

Петто издание на „Литера“ под мотото „Свет со љубов“ од 23 до 27 мај во Музеј на град Скопје

Под мотото „Свет со љубов“, од денеска до 27 мај, во Музејот на град Скопје ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца „Литера 2023“. Во петте фестивалски дена ќе има богата програма за специјализирана публика, но и низа настани наменети за сите заинтересирани посетители на различна возраст. Една од ѕвездите на фестивалот е …

Continue Reading

Лога-Маленица во Шибеник: Хрватска преку своите искуства и идеи ќе го помогне евроинтегративниот процес и реформите во нашата држава

Зајакнувањето на билатералната соработка со Република Хрватска во делот на правосудството, како и градењето на капацитетите за водење на преговорите во делот на Поглавјето 23 „Правосудство и темелни права“, беа главните теми на кои во Шибеник разговараа министерот за правда Кренар Лога и министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица. На средбата, информираат од Министерството за правда, се …

Continue Reading