Бабовски избран за нов генерален секретар на регионалното претставништво на WOAH за Европа

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, во рамки на јубилејното 90. Генерално собрание на делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), кое оваа недела се одржува во францускиот главен град Париз денеска е едногласно избран за нов генерален секретар на регионалното претставништво на WOAH за Европа, кое е надлежно за вкупно 53 држави. …

Continue Reading

Подољак: Украина нема никаква врска со „невообичаениот и чуден“ напад со дрон врз Кремљ

Михајло Подољак, висок советник на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Украина нема никаква врска со „невообичаениот и чуден“ напад со дрон врз Кремљ, минимизирајќи ги извештаите на американските медиуми. Весникот „Њујорк тајмс“ напиша дека анализите на американските разузнавачки служби покажале дека нападот со дрон врз Кремљ овој месец најверојатно бил извршен од украинска разузнавачка единица или специјална …

Continue Reading

Италија даде зелено светло за изградба на мост кој ќе го поврзува копното со Сицилија

Италијанскиот Сенат доцна синоќа даде конечно одобрение за изградба на мост на теснецот Месина што ја поврзува Сицилија со копното на таа земја. – Тоа е историска одлука, конечна, на која се чекаше повеќе од 50 години, рече Матео Салвини, италијански министер за инфраструктура. Висечкиот мост ќе биде отпорен на ветер и земјотреси, со централен распон од 3,2 до 3,3 …

Continue Reading

Општина Куманово поднесе кривична против членови на Управен одбор на јавна општинска установа

Општина Куманово поднесе кривична пријава против членови на управен одбор на јавна општинска установа, информираа денеска од општината. Членовите на УО на општинската установа, при распишување на јавен оглас за избор на директор, како што информираат од општината постапиле спротивно Статутот на општинската установа. – Истите како службени лица – членови на управен одбор на јавна општинска установа во постапка …

Continue Reading

Мандиќ: Постои голема опасност од мешање на странските амбасади во политичкиот живот на Црна Гора

Претседателот на Нова српска демократија, Андрија Мандиќ изјави дека е голема опасност мешањето на странските амбасади во внатрешниот политички живот на Црна Гора. – Тие странски амбасади имаат план да формираат коалиција на Европа сега заедно со подмладената ДПС. Тоа е нивната намера. И затоа нашата коалиција треба силно да се поддржи, за да не се реализира овој опасен проект, …

Continue Reading

Спасовски: Ние сме единствена земја во регионот што донесе нови протоколи за хибридни закани

Министерството за внатрешни работи во изминатите денови нема дојави за бомби низ училиштата или други институции, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашањето дали има дојави за хибридни закани. Тој посочи дека сме единствена држава во регионот која во изминатиот период презеде низа мерки и донесе упатства и протоколи за справување со хибридни закани. – Знаете …

Continue Reading

Шукова: Ги интензивираме активностите за искористување на ИПА грант средствата во животана средина

Степенот на имплементација на ИПА помошта за животна средина и забрзување на процесот на искористување на ИПА грант средствата беа главна тема на денешниот состанок на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова со шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир, придружуван од шефот за соработка во ЕУ Делегацијата Штефан Худолин и програмскиот офицер за проекти од …

Continue Reading

Јапонски борбени авиони ставени во состојба на готовност откако детектираа руски извидувачки авиони

Јапонски борбени авиони денеска беа ставени во состојба на готовност откако два руски извидувачки авиони беа забележани во близина на крајбрежјето на земјата, во Тихиот Океан и во Јапонското Море, се наведува во кусото соопштение на Јапонскиот Генералштаб. Инцидентот не е прв од ваков вид. Тоа се случи само неколку дена откако украинскиот претседател Володимир Зеленски присуствуваше на самитот на …

Continue Reading

Кривична пријава против вработен во Затворска полиција за „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(47) од Скопје, за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, предвидено и казниво по член 373 од Кривичниот законик. -Тој, во својство на службено лице – вработен …

Continue Reading