По неуспехот на вчерашните избори, шпанскиот премиер Санчез најави предвремени парламентарни избори во јули

Премиерот на Шпанија Педро Санчез по резултатите од вчерашните регионални и локални избори најави дека ќе го распушти парламентот и на 23 јули во земјата ќе се одржат предвремени општи избори. – Одлуката ја донесов гледајќи ги резултатите од вчерашните избори, ѝ рече Санчез на нацијата во телевизиско обраќање. Санчез соопшти дека го информирал шефот на државата, кралот Фелипе Шести, …

Continue Reading

Ѓилас: Почна падот на СНС, се намалува поддршката на народот за Вучиќ

„Нас не нè интересираат зборовите на Александар Вучиќ, нас нè интересираат неговите постапки. А, последица на тие постапки е она на што денес личи Србија“, изјави лидерот на Странката за слобода и правда, Драган Ѓилас, јави дописникот на МИА од Белград. Ѓилас за ТВ Н1 го повтори ставот на опозицијата дека нема да има преговори со Вучиќ додека не ги …

Continue Reading

Дел од општина Центар утре без вода

Без вода утре од 9 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Ленинова“, „Дебарца“, „Никола Тримпаре“, „Коста Кирков“ и „Борка Талевски“ до булеварот „Св. Климент Охридски“. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен дефект на улица „Ленинова“ без број. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Continue Reading

Пензионерите од регионот се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини во Штип

Штип денеска е домаќин на 27 регионални спортски игри, на кои учествуваа повеќе Здруженија на пензионери. Станка Трајкова претседател на Здружение на пензионери вели во 11 дисциплини пензионерите ќе ги измерат силите на терен. До 21 јуни регионалните спортски игри ќе се одржат во осум региони во државата. -Оваа година овој спортски караван тргнува од Штип, а тоа е денеска …

Continue Reading

Грчкиот Парламент одржа седница и избра претседател, а попладнево ќе се распушти

Со широко мнозинство, односно со 270 гласа „за“ и 26 воздржани, пратеникот од Нова демократија Константинос Тасулас одново доби доверба од пратениците и беше реизбран за претседател на грчкиот Парламентот, меѓутоа во текот на денот се очекува Парламентот да се распушти во пресрет на изборите на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина. За Тасулас гласаа сите партии, со …

Continue Reading

Ховениер: Ситуацијата во северно Косово е исклучително загрижувачка

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Приштина, Џефри Ховениер изјави дека ситуацијата во северно Косово, каде што денеска протестираат локалните Срби против новоизбраните градоначалници Албанци во општините со мнозинско српско население, е „исклучително загрижувачка“ и побара од сите инволвирани страни да придонесат за деескалација на состојбата. Како што јави МИА, Ховениер по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи рече дека …

Continue Reading

Брнабиќ за ситуацијата во Косово: Немам ниту еден добар збор да кажам за нашите партнери во ЕУ и КФОР

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ оцени дека реакцијата на меѓународните мировни сили КФОР е задоцнета на северот на Косово, каде дојде до судир меѓу српското население и косовската полиција, додавајќи дека тие денес ги „штитат узурпаторите од демократија и обични граѓани“, јави дописникот на МИА од Белград. -Немам ниту еден добар збор за нашите партнери во ЕУ или нашите партнери …

Continue Reading

Кривична пријава против двајца велешани, измамиле граѓани продавајќи им празни ЦД-а за учење странски јазици

Единицата за внатрешни работи Одделението за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(30) и Д.В.(36), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“, казниво по чл. 247 и кривично дело „посебни случаи на фалсификување на исправи“ казниво по чл. 378 од Кривичниот законик. – Имено, во координација со скопското Основното јавно обвинителство, …

Continue Reading