Кина планира да испрати астронаути на Месечината пред 2030 година

Кина планира да испрати астронаути на Месечината пред 2030 година, што би претставувало уште еден чекор во она што сè повеќе наликува на нова вселенска трка. САД имаат за цел да испратат астронаути на површината на Месечината до крајот на 2025 година. Заменик директорот на кинеската вселенска агенција со екипаж Лин Сичијанг ја потврди целта на Кина на денешната прес-конференција, …

Continue Reading

Загина возач во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА потврдува дека сообраќајната несреќа се случила околу 13.00 часот меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистерски таблички. На лице место е починат 62 годишен возач од Велес, кој управувал со пикап …

Continue Reading

Токаев ја одби понудата на Лукашенко, Казахстан да стане дел од државната унија на Русија и Белорусија

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска изјави дека ја одбил понудата на белорускиот претседател Александар Лукашенко, Казахстан да се приклучи на Државната унија на Русија и Белорусија. – Претседателот на Република Белорусија, Александар Григоревич Лукашенко понуди Казахстан да се приклучи на заедницата на држави. Ја ценам неговата шега. Мислам дека нема потреба од тоа бидејќи има и други интегративни асоцијации, пред …

Continue Reading

Наполи може да му понуди на Осимен зголемување на платата и ослободителна клаузула од 160 милиони евра

Наполи има намера да го задржи Виктор Осимен за кого се заинтересирани Челзи, Баерн и ПСЖ. Претседателот на „наполитанците“, Аурелио Де Лаурентис размислува да го обнови договорот на Осимен со значително зголемување на платата, која моментално изнесува 4,5 милиони долари годишно. Сè уште нема официјални понуди од други клубови за 24-годишниот напаѓач, а Де Лаурентис за Нигериецот планира да вклучи …

Continue Reading

АХВ: Досега нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира изнесените ставови на денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, на која обвинува дека надлежните државни органи дозволиле увоз на небезбеден зеленчук со концентрации на пестициди над максимално дозволените концентрации. -Документите кои ги презентираше Трипуновски не се тајна, напротив, тие се само уште една потврда дека државата си ја врши работата, односно …

Continue Reading

Судски совет ги отфрла како неосновани тврдењата на холандскиот амбасадор за изборот на новиот претседател на СС

Судскиот совет (СС) функционира законски и во согласност со надлежностите дадени во Законот за Судски совет, ова е заклучено на денешниот работен колегиум на кој се отфрлени како неосновани тврдењата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп дека новиот претседател на СС е избран во нелигитимна процедура и затоа се става во мирување четиригодишниот проект финансиран од оваа земја. -Членовите потенцираат …

Continue Reading

Училиштето во Пинтија ќе добие затворен спортски објект

Затворен спортски објект во Подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов“ во Пинтија ќе гради Општина Кисела Вода. Оваа иницијатива на градоначалниот Орце Ѓорѓиевски, која денеска ја поддржа Советот, на младите од овој дел на градот ќе им овозможи осовременување на наставата по физичко образование и услови за дополнителни спортски активности, информира Општината. Изградбата на овој спортски објект ќе овозможи и ослободување …

Continue Reading

Интервју со проф. д-р Христина Спасевска: УКИМ ќе има квалитетни студиски програми, меѓународно препознатливи, подготвени да одговорат на потребите на компаниите

Спасевска: Стипендии за студенти од трите циклуси од средства на УКИМ и неговите фондации и целосна инклузија на студентите со попреченост  УКИМ ќе има квалитетни студиски програми, меѓународно препознатливи, подготвени да одговорат на потребите на компаниите. Во наставниот процес ќе се акцентира зголемувањето на дигиталните вештини кај студените, практичната настава, нивната способност за тимска работа и совладување на предизвици. Со …

Continue Reading

Пилот-проект за дигитален толкувачки сервис, преку видео-повици глувите и наглувите ќе добиваат информации од институции

Националниот сојуз на глуви и наглуви (НСГНРСМ) денеска во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје го промовира пилот проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“. Со него се предвидува да бидат поставени таблети на повеќе точки во одредени иституции, како министерствата за внатрешни работи, за здравство и други министерства. Повеќе од седум илјади глуви и наглуви лица …

Continue Reading