Во делчевското село Габрово се одржа хуманитарна забава за доизградба на дворното место во црквата ,,Св. Димитрија”

Седма година по ред во делчевското село Габрово денеска се одржа хуманитарна забава за доизградба на дворното место пред црквата „Св. Димитрија”. Горан Анакиевски, еден од организаторите на настанот изрази задоволство од собраните донации кои ќе помогнат за реализација на нивната цел. -Црквата во село Габрово е целосно завршена. Останува да го средиме дворното место за што ја организираме оваа …

Continue Reading

Џафери: Дебатата за потребата за уставни измени треба да заврши на 31 август, гласањето може да се одложи, но и да не се случи

Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА ја истакнува важноста за иднината на државата од носењето на уставните измени, потенцирајќи дека тежината на процесот е кон власта, но оти насушна е потребата за вклучување и преземање на дел од одговорноста и на опозицијата за иднината, а не за решение за наредни избори. Седницата за уставни измени почнува на …

Continue Reading

Украина ќе извезува жито преку Дунав во Хрватска, а потоа со бродови од Јадранот

Украинското Министерство за надворешни работи во денеска соопшти дека ќе извезува жито преку хрватските пристаништа на Јадранското Море, а житото ќе биде доставено до Хрватска преку Дунав, а потоа со железница до јадранскиот брег. Министерството наведува дека за ова прашање постигнало договор со Хрватска. Во Киев вчера престојуваше хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, а потоа …

Continue Reading

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Австрија, Мартин Памер

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Мартин Памер, новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија. Како што информира Кабинетот на Пендаровски, во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма, тој нагласи дека Република Северна Македонија и Република Австрија веќе три децении градат пријателски и партнерски односи и дека е постигнат успешен развој …

Continue Reading

Со тројца македонски репрезентативци МЗТ го комплетира тимот за новата сезона

Со обнова на договорите со Бојан Крстевски и со Дамјан Робев, како и со повторниот ангажман на Љубомир Младеновски, македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го комплетира тимот со кој во новата сезона ќе ја брани двојната круна и ќе се обиде да избори враќање во АБА-лигата. Македонската тројка го заокружи тимот од 12 кошаркари на кои ќе смета тренерот …

Continue Reading

Пожар во напуштената галија на кејот на Вардар кај х. Холидеј Ин

Пожар избувна во напуштената галија на кејот на Вардар, кај х. Холидеј Ин во центарот на Скопје и во тек е интервенција на пожарникарната служба. Звонко Томевски, командир на противпожарната бригада на Град Скопје, за МИА изјави дека пожарот е локализиран и оти се работи на негово гаснење. – Интервенираат 12 пожарникари со три протовпожарни возила, изјави Томевски.

Continue Reading

ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ВИСТИНАТА!

„И ЗДРАВЈЕ И РАБОТА“ е локална иницијатива на досега тивкото население во Струмичката котлина кое вложува напор и сака низ дебата да ги слушне сите аргументи за рудникот Иловица-Штука. Претставуваме поинаков ГЛАС, не сме малку и не сме заговорници на изградба на рудник по секоја цена. Но, не сакаме да дозволиме манипулација. Се нарекуваме и „ТРАГАЧИ ПО ВИСТИНАТА“ и во …

Continue Reading

По хаваријата на „Макарија“, земјоделците од Росоман и Градско ќе бидат обесштетени

Земјоделците од регионот на Росоман и Градско кои претрпеа штети од хаваријата до повторното пуштање вода низ на цевководот „Макарија“, ќе бидат обесштетени преку Интервентниот фонд, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Постапката, како што истакна Николовски, ја води општината. Според него, се е направено за да се спаси тековната сезона, но и за да продолжи …

Continue Reading

Полската армија демантира дека белоруски воени хеликоптери го нарушиле воздушниот простор на Полска

Полската армија демантира дека белоруски воени хеликоптери денеска навлегле три километри во воздушниот простор на Полска, истакнувајќи оти тоа било најавен патролен лет. – Полскиот воздушен простор не е нарушен. Полската армија гарантира дека ниту еден хеликоптер не ја преминал границата. Белорусија предупреди дека нивните патролни летови ќе се одвиваат во близина на границата денеска до 18 часот, соопшти полската …

Continue Reading