Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 …

Continue Reading

Грчките власти спасија 91 мигрант од мал остров во реката Еврос на границата со Турција

Од мал остров во реката Еврос на грчко –турската граница вчера била спасена група од 91 мигрант, а меѓу нив и над 30 деца, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката полиција мигрантите на грчка територија пристигнале со помош на криумчар, кој со чамец ги превезол од спротивниот брег и ги оставил на островот, а станува збор за 32 …

Continue Reading

На денешен ден

1723.- Роден е шкотскиот економист Адам Смит, кој заедно со Дејвид Рикард е најпознат претставник на англиската класична политичка економија. Неговата теорија за поделбата на трудот во економската литература се смета за класична. 1819.- Роден е англискиот астроном и математичар Џон Кауч Адамс, професор на Универзитетот во Кембриџ, кој во 1845 година, врз основа на неправилностите во движењето на Уран, …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е понеделник, 5 јуни 2023 година, 156-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 209 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 5 минути. Денов трае 15 часа и 6 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде …

Continue Reading

Од верските календари

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 мај. Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (втор ден) Новозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот Дух врз апостолите. Ова е крајно радосен, извонреден и утешителен настан. Куќата во која тие пребиваат еднодушни одеднаш е преисполнета со шум од небото, сличен на силен ветар, …

Continue Reading

Од Прилеп тргна караванот „Тоше за овој свет“

Со оригиналната облека на Тоше од неговото последно интервју во „Вртелешка“ на 15 октомври 2007 година, со омилената бела гитара и со репликата на костимот од Евровизија, Спомен куќата на Тодор Проески го почна караванот низ училиштата во земјава за презентација на ликот и делото на големата музичка ѕвезда и хуманист кој најмногу ги сакаше децата. Караванот започна со гостувањето …

Continue Reading

Во Кејптаун средба на министрите за надворешни работи на БРИКС

Во главниот град на Јужноафриканската Република, Кејптаун денеска се одржува средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на БРИКС, што е увертира на Самитот што ќе се одржи во август во Јоханесбург. Јужноафриканските власти потврдија дека на состанокот присуствуваат министрите за надворешни работи на Бразил, Русија, Индија и Јужна Африка и заменик-министерот на Кина. Не е објавена агенда за …

Continue Reading

Општина Охрид и Институтот „Конфуциј“ потпишаа меморандум за соработка

Изучување на кинескиот јазик, литература и култура и продлабочување на соработката меѓу Охрид и Народна Република Кина предвидува меморандумот за соработка што денеска во Општина Охрид го потпишаа градоначалникот Кирил Пецаков и дваjцата директори на Институтот „Конфуциј“, Влатко Стоилков и Дијао Веј. Со меморандумот, како што соопшти Општина Охрид, предвидено е изучувањето на кинескиот јазик, литература и култура да се …

Continue Reading

Почна проширување и реконструкција на дел од булеварот кај градскиот пазар во Куманово

Почна реконструкција и проширување на дел од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, во близина на градскиот пазар, соопштија денеска од одделението за комунални дејности. Ангажирана е избраната компанија, која на терен ги почна активностите. – Отпочнавме со подготовка за реконструкција на дел од „Трета МУБ“ и изградба на трета лента кај градскиот пазар. Проектот е финансиран од Општина …

Continue Reading