Општина Охрид и Институтот „Конфуциј“ потпишаа меморандум за соработка


opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изучување на кинескиот јазик, литература и култура и продлабочување на соработката меѓу Охрид и Народна Република Кина предвидува меморандумот за соработка што денеска во Општина Охрид го потпишаа градоначалникот Кирил Пецаков и дваjцата директори на Институтот „Конфуциј“, Влатко Стоилков и Дијао Веј.

Со меморандумот, како што соопшти Општина Охрид, предвидено е изучувањето на кинескиот јазик, литература и култура да се спроведува преку едукативни активности, кои ќе бидат спроведени за ученици и вработени во општинските училишта. Тој опфаќа и организирање културни настани, семинари и работилници.


– Потписниците заемно се согласија дека потпишувањето на меморандумот е само почеток кон продлабочување на соработката меѓу Охрид и Народна Република Кина, преку организирање настани и промоции, како и презентации пред потенцијалните гости во Охрид, стои во информацијата.

Меморандумот опфаќал и размена на информации со училиштата за членување во домашни и меѓународни здруженија, учество и заеднички настап.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK