Петта Меѓународна недела на архивите

Меѓународниот архивски совет од денеска до петок ја организира петтата Меѓународна недела на архивите (#IAW2023), која ќе биде во знакот на одбележувањето на јубилејот 75 години од формирањето на Меѓународниот архивски совет (International Council on Archives – ICA) под покровителство на УНЕСКО, организација која ги обединува архивите и архивистите од целиот свет. Како што информира Државниот архив, важноста на записите, …

Continue Reading

Маричиќ-Брегу: Целта ни е ЕУ, затоа е важно паралелно да работиме и на регионалната соработка

 Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на маргините на министерскиот ЕУ состанок на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), остварил средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу. На средбата било разговарано за статусот на регионалните договори во рамки на Берлински процес, нивната имплементација и следните активности на Советот …

Continue Reading

ПСЖ загуби 1,7 милиони луѓе на Инстаграм по заминувањето на Меси

Повеќе од 1,7 милиони луѓе се откажаа од социјалната мрежа Инстаграм на ПСЖ поради заминувањето на Лионел Меси. ПСЖ најави заминување на аргентинскиот напаѓач во саботата, непосредно пред последниот натпревар сезонава со Клермон (2:3). Пред објавувањето на заминувањето на Меси, ПСЖ имаше 70,4 милиони следбеници на Инстаграм. Страницата сега има 68,7 милиони следбеници, што е намалување за 1,7 милиони. Исто …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Средбата Мицкоски-Ковачевски ќе биде тет-а-тет, ќе и претходат разговори со пратениците, коалицијата и ИК на партијата

Во Клубот на пратениците во среда ќе се одржи најавената средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, средбата ќе биде тет-а-тет. -До средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе изврши широки консултации со Пратеничката група, партиите дел од Коалицијата и Извршниот комитет на партијата. Ставот на партијата е дека уставни измени нема …

Continue Reading

Бабовски: Овошјето и зеленчукот се безбедни, ширење лажна паника е кривично дело

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска уште еднаш потврди дека се негативни резултатите од анализите за наводно присуство на резидуи од метали и тешки метали во овошјето и зеленчукот. Бабовски на прес-конференција истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ за тоа ќе поднесе пријава, ќе се знае, потенцира, наредните …

Continue Reading

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јуни се бележи денеска на реката Вардар кај Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Струмица кај Сушево, на Црна Река кај Новаци, како и на Сатеска кај Ботун. Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека единствено минимално намалување на водостојот …

Continue Reading

Најмалку 15 лица загинаа во поплавите на Хаити

Најмалку 15 лица загинаа, а осум се водат како исчезнати во поплавите и одроните на Хаити по обилните дождови, соопштија властите. Речиси 13.400 луѓе беа принудени да се евакуираат бидејќи стотици домови низ земјата беа поплавени, а некои улици се претворија во реки, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Повеќе од 7.400 семејства пријавиле штета, а властите се уште ги проценуваат …

Continue Reading

Во Бон започнуваат подготвителните преговори за светската климатска конференција

Десетдневните подготвителни разговори треба да почнат денеска во германскиот град Бон, шест месеци пред следната Светска конференција за климата во Дубаи. Набљудувачите веруваат дека преговорите ќе бидат особено тешки бидејќи Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), како домаќин на следната Светска климатска конференција, не се очекува да преземат какви било чекори за ставање крај на производството на енергија од нафта и гас. …

Continue Reading

Без вода улиците „Костантин Петковиќ“, „Томас Минцер“ и „Тодор Чопов“

Поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на ул. „Костантин Петковиќ“ бр 52, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Костантин Петковиќ“, „Томас Минцер“ и „Тодор Чопов“. Прекинот со водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде од 10:30 до завршување на интервенцијата.

Continue Reading