Јокиќ прв играч во историјата на НБА кој постигнал 30+20+10 во финалето

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал над 30 поени, 20 скока и 10 асистенции на финален натпревар. Во третиот натпревар од финалната серија со Мајами хит, Србинот ноќеска имаше 32 поени, 21 скок и 10 асистенции за 43 минути. Во целата историја на плејофот, само тројца играчи ја поминаа границата 30+20+10. …

Continue Reading

Австрија: Евакуирани патници од воз кој се запалил во тунел

Австриските власти евакуираа стотици патници од воз кој синоќа се запали додека беше во тунел и, според официјалните лица, околу 50 луѓе претрпеле полесни повреди, најмногу поради вдишување чад. Ноќниот воз со околу 370 патници се наоѓал во тунелот Фиценс, источно од Инсбрук во регионот на Тирол, кога избувнал пожарот, јави австриската новинска агенција АПА. Железничкиот оператор ОББ соопшти дека …

Continue Reading

За брзо возење 245 казни на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 245 возачи. Како што денеска соопштија од МВР, од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со …

Continue Reading

Грковска: Дигиталната трансформација е општествен, а не политички процес

„Секогаш мора да се реагира на слабостите во системот, а политичарите и директорите на јавните претпријатија треба да даваат пример за интегритет и за одговорност кога има недоследности во однесувањето и постапувањето“, изјави заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во синоќешното интервју на ТВ 21 и додаде дека основата на едно демократско општество …

Continue Reading

Амнести Интернешнл: Талибанците извршија воено злосторство над цивилите во Панџшир

Во нов извештај објавен денеска Талибанците се обвинуваат дека извршиле „воено злосторство на колективно казнување“ против цивилите во авганистанската провинција Панџшир, јави ДПА. Извештајот на Амнести Интернешенл со седиште во Британија тврди дека се документирани случаи на вонсудски егзекуции, тортура и масовно произволно апсење и притворање на цивили кои талибанците ги обвинија дека се поврзани со нивната вооружена опозиција. – …

Continue Reading

Ципрас ја соопшти програмата на СИРИЗА за „просперитет на општеството“

Минимална плата од 880 евра, зголемување за 10 отсто на платите во јавниот сектор; враќање на 13-та пензија; намалување на ДДВ на прехранбените производи; предвидува, меѓу другото, економската програма на грчката опозициска партија СИРИЗА за „просперитет за сите“, јави дописничката на МИА од Атина. Лидерот на партијата Алексис Ципрас синоќа ги презентираше седумте чекори од програмата „Грција 2027“, односно како …

Continue Reading

Петровска и Ѓурчиновски во посета на полигонот Итан Ален на Националната гарда на Вермонт

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го посетија полигонот за обука на Националната Гарда на Вермонт, Итан Ален, каде како домаќин ги пречека командантот на Националната гарда, генералот Грегори Најт. Како што соопшти Министерството за одбрана, на тренинг полигонот Итан Ален, министерката Петровска и генералот Ѓурчиновски имаа можност …

Continue Reading

Гувернерот на регионот Херсон вели дека 600 квадратни километри се под вода

Околу 600 квадратни километри од украинската област Херсон на југот на земјата се поплавени, а 68 отсто се однесуваат на левиот брег на реката Дњепар, кој е под руска окупација, изјави денеска гувернерот на областа Олександр Прокудин. Тој на Телеграм напиша дека просечното ниво на водата утрово бил 5,61 метар. Околу 14.000 куќи се поплавени откако украинската брана Каховка беше …

Continue Reading

Полициската станица Аеродром привремено преместена во населба Лисиче

Министерството за внатрешни работи информира дека Полициската станица Аеродром е привремено преместена во населба Лисиче на ул. „Димитар Туриманџовски“ бр. 1. Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, но и за услуги на граѓаните. И во …

Continue Reading