Сто години средно економско училиште во Битола
-
Деск
-
June 10, 2023
-
Македонија, Општини
-
0 Comments
Во учебната 1922-1923 година, во Битола почна со работа средната трговска школа, едно од најпосакуваните училишта во конзулскиот град, место каде се едуцираа идните трговци, банкари, сарафи и други важни професии за заедницата. Од архивита на училиштето лесно се воочува дека првите генерации учеле во двегодишна Трговска школа, а од учебната 1925/26 година школата прераснува во Трговска академија со четиригодишно …
Continue Reading
Стручни тимови во општините за превенирање врсничко насилство, во училиштата има над 800 психолози и педагози
-
Деск
-
June 10, 2023
-
Македонија
-
0 Comments
Во 362 основни училишта во државава има 308 психолози и 304 педагози, а во 108 средни училишта се вработени 102 психолози и 100 педагози. Во сите училишта има вработено барем едно лице стручен соработник (педагог, психолог, социолог, специјален едукатор и рехабилитатор…), а често има повеќе, велат за МИА од Министерството за образование и наука. – Општините и Градот Скопје секоја …
Continue Reading
Се прават згради на место од куќи, па нема доволно паркиралишта, кој купува стан треба да купи и паркинг
-
Деск
-
June 10, 2023
-
Македонија
-
0 Comments
Несоодветното урбанистичко планирање, изведбата на проектите за градба која не секогаш соодвествува со она што е ставено на хартија и тоа што подземните паркинзи не следуваат со купувањето на станот, туку дополнително им се нудат на станарите, се дел од причините за потоа да се создаде сообраќаен хаос во градовите. Проблемот почнува при купувањето стан во нова зграда, каде треба …
Continue Reading
Четирите деца, исчезнати во авионска несреќа во Колумбија од пред пет недели, пронајдени живи во џунглата
-
Деск
-
June 10, 2023
-
Свет
-
0 Comments
Четирите деца од домородна заедница во Колумбија се пронајдени живи на југот на земјата по повеќе од пет недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла, изјави вчера колумбискиот претседател Густаво Петро. Децата биле спасени од војската во близина на границата меѓу колумбиските провинции Какета и Гуавијаре, во близина на местото каде што се урнал малиот авион. …
Continue Reading
Одбележување „25 години Македонски нотаријат”
-
Деск
-
June 10, 2023
-
Македонија
-
0 Comments
Нотарската комора на Република Северна Македонија денеска ќе одржи свечена седница по повод свечено одбележување „25 години Македонски нотаријат”. На свечното одбележување се поканети претставници од позначајни институции и правосудни органи, претставници од балканските нотаријати, сите нотари. Како што е најавено, на седницата ќе се обратат претседателот на Нотарската комора, Методија Ристоски и министерот за правда Кренар Лога.
Continue Reading
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка на функцијата пратеник во параментот
-
Деск
-
June 10, 2023
-
Свет
-
0 Comments
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата пратеник во Парламентот, што веднаш стапува на сила. Џонсон се бореше за својата политичка иднина со парламентарна истрага за тоа дали го довел во заблуда Долниот дом кога рече дека се почитувани сите правила воведени поради Ковид-19. Комитетот за привилегии на британскиот Парламент истражува дали Џонсон намерно ги завел пратениците во …
Continue Reading
Предвремени парламентарни избори во Црна Гора 2023: Победа на анти-Ѓукановиќ, односно анти-ДПС блокот
-
Деск
-
June 10, 2023
-
Балкан
-
0 Comments
Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана ја анализира состојбата во Црна Гора по повод завршувањето на кампањата за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 11 јуни 2023 година. Од анализата „Предвремени парламентарни избори во Црна Гора 2023: Победа на анти-Ѓукановиќ, односно анти-ДПС блокот“, ги објавуваме најважните и најинтересни делови: На 11 јуни во Црна …
Continue Reading
Маричиќ: По уставните измени Бугарија ќе го изгуби кредибилитетот да блокира
-
Деск
-
June 10, 2023
-
Власт, Политика
-
0 Comments
Убеден сум дека по усвојувањето на уставните амандмани Бугарија ќе го изгуби кредибилитетот да блокира. Тоа не значи дека во текот на разговорите Бугарија или некоја друга држава не може да извади некои прашања коишто како услови ќе ги бара од нас, но за нас е клучно сето тоа да биде втемелено во европските правила, во европските стандарди, да не …
Continue Reading
Кипјегон постави светски рекорд на 5.000 метри
-
Деск
-
June 10, 2023
-
Останати спортови, Спорт
-
0 Comments
Кенијката Феит Кипјегон синоќа постави светскиот рекорд на 5.000 метри. Новото најдобро време во светот на трка на 5.000 метри е поставено на Дијамантската лига во Париз и изнесува 14 минути 5 секунди и 20 стотинки. Кипјегон го собори светскиот рекорд на Летесенбет Гидеј од Етиопија (14 минути 6 секунди и 62 стотинки), поставен на 7 октомври 2020 година.
Continue Reading