Руски „масовен ракетен напад“ врз Кривиј Риг во централна Украина

Русија изврши „масовен ракетен напад“ врз централниот украински град Кривиј Риг во текот на ноќта, при што загинаа и беа повредени луѓе и оштетена цивилна инфраструктура, соопштија украинските власти. „Има мртви и ранети“, рече Серхи Лисак, гувернер на регионот Днепропетровск каде се наоѓа Кривиј Риг, на апликацијата за пораки Телеграм. Во раните утрински часови денеска, ширум Украина се огласија сирени …

Continue Reading

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар во официјална посета на Македонија

Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска престојува во официјална посета на земјава, во рамки на која ќе се сретне со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски, а ќе има средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Парламентот. Пирц Мусар ќе биде пречекана со највисоки државни и воени …

Continue Reading

ЕУ не ги коментира партиските препукувања, уставните измени се преземена обврска

Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, по какофонијата што настана во врска со исходот од лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, излезе со став дека не коментира внатрешни дискусии, додека, за уставните измени, потенцира дека се јасни заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година. Од ВМРО-ДПМНЕ, посочија дека чекаат одговор од СДСМ …

Continue Reading

Во Сараево ретроспектива на анимираниот филм на Македонија и на БиХ

Ретроспектива на анимирани филмови од Северна Македонија и Босна и Херцеговина со филмска изложба и реализација на проекции на анимирани филмови од двете земји ќе се одржи денеска и утре во Сараево, во кино Митинг Поинт. Настанот е на инцијатива на НУ Филмски Центар „Вардар Филм“ – Скопје, а го организираат заедно со Сараевскиот филмски центар. -Филмската изложба ќе го …

Continue Reading

„Дефрагментација“ – нова изложба со дела од колекцијата на МСУ од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.

Во Музејот на современата уметност – Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и од Словачка – земјите кои ја сочинуваат Вишеградската група. Куратори на изложбата се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец, а ќе бидат изложени вкупно 96 дела од 86 уметници. На оваа …

Continue Reading

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и услови за појава на грмежи. …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е вторник, 13 јуни 2023 година, 164-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 201 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа и 12 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 2 часот и 1 минутa, …

Continue Reading

На денешен ден

323 г.п.н.е.- Во Вавилон умрел Александар Македонски, син на Филип Втори Македонски и на Олимпија, ученик на Аристотел. Со своите походи, на кои неговата војска за осум и пол години мина 18.000 километри, создаде држава каква што не постоела според пространство ниту пред него, ниту по него. Роден бил во Пела, на 22 јули 356 г.п.н.е. 1831.- Во Единбург е …

Continue Reading

Од верските календари

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 мај. Денеска е Св. апостол Ерма. Свети Ерма е еден од 70-те Христови апостоли. По род бил Грк, а долго живеел во Рим. Го спомнува апостол Павле во Посланието до Римјаните. За неговиот живот добиваме некои податоци и од неговата книга Пастир, која е зачувана до денес. …

Continue Reading