Најмалку тројца загинати во руски ракетен напад врз Одеса

Најмалку три лица загинаа, а 13 се ранети во руски ракетен напад врз јужниот украински пристанишен град Одеса извршен утрово, соопштија властите. Русија истрела четири ракети од брод во Црното Море, објави на Телеграм Серхи Брачук, портпарол на воената администрација во регионот. „Во напад врз магацин на малопродажен синџир загинаа тројца вработени, а седум беа ранети. Шест други лица беа …

Continue Reading

Почнува кампањата за заштита на шумите од пожари

Со јавен настан на плоштадот „Македонија“ во Скопје, денеска почнува јавната кампања за подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на шумите од пожари во летниот период. Кампањата, традиционално, ја организира Противпожарниот сојуз на Македонија (ПСМ) во соработка со Градскиот противпожарен Сојуз на Скопје (ГППС) и Општинските противпожарни сојузи на Град Скопје (ОППС). За време на настанот, активисти и доброволни …

Continue Reading

Состојба на патиштата

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 06,30 часот на рег.пат А2 Кр.Паланка- ГП„Деве Баир“, поради одрони на патот на 1км од излезот на Кр.Паланка, сообраќајот е во целосен прекин за ТМВ, а наизменично се одвива за ПМВ. ВНИМАТЕЛНО: Поради обилните врнежи од дожд, сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Делчево (А3) се одвива наизменично, по една коловозна лента за сите видови …

Continue Reading

Одрони на патот Крива Паланка – ГП „Деве Баир“, во прекин сообраќајот за товарни возила

На регионалниот А2 Крива Паланка- ГП„Деве Баир“, изутрина од 06.30 часот, поради одрони на патот на еден километар од излезот на Крива Паланка, сообраќајот е во целосен прекин за товарни моторни возила, а наизменично се одвива за патнички возила, информира АМСМ. Поради обилните врнежи од дожд, сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Делчево (А3) се одвива наизменично, по една …

Continue Reading

Двајца убиени во пукање на полигон во Јапонија

Двајца војници загинаа, а еден е ранет денеска во пукање на полигон за обука на јапонската армија во префектурата Гифу, централна Јапонија, а осомничениот сторител е брзо уапсен. „За време на вежба со боева муниција како дел од обуката за регрути, кандидат на силите за самоодбрана уби три лица“, се вели во соопштението на копнените сили за самоодбрана на Јапонија. …

Continue Reading

Спасовски и Вал ќе ја посетат единицата за службени кучиња во Хиподром

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, денеска ќе ја посетат Единицата за службени кучиња на МВР во Хиподром, каде ќе присуствуваат на свечено отворање на реконструираната административна зграда на Единицата К9. Како што информираат од МВР, Спасовски и Вал ќе направат увид во градежните активности финансирани од ОБСЕ, за …

Continue Reading

Презентација на Извештај на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Управата за финансиско разузнавање денеска во Скопје организира презентација на Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам на Република Северна Македонија усвоен од страна на Мoneyval Комитетот при Советот на Европа. Како што најавуваат организаторите, презентацијата ќе почне со воведно обраќање на министерот за финансии Фатмир Бесими и на директорот на …

Continue Reading

Власта подготвена да се откаже од премиерската функција ако опозицијата гласа за уставни измени

Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интерес на спроведување на уставните измени да ја преземе премиерската позиција во преодната влада, брифираа вчера владини извори, иако, како што претходно е договорено премиер во следната техничка влада, треба да биде Албанец. На ова веднаш реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека немаат намера да учествуваат, како што …

Continue Reading

Облачно, попладне со повремен пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје ќе …

Continue Reading