Во МАНУ промоција на терминолошкиот речник „Филозофија“

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе биде промовиран терминолошкиот речник „Филозофија“, изготвен во рамки на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија. По овој повод, обраќања ќе имаат претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, раководителот на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија, академик Витомир Митевски, како и професорите Ана Димишковска и Иван Џепароски, подготвувачи на терминолошкиот речник. …

Continue Reading

Промоција на романот „Варшавската срна“ од Мимоза Ристова

Во Музеј на Град Скопје вечер ќе биде промовиран новиот роман „Варшавската срна: трите љубови на Марија Склодовска Кири“ од авторката Мимоза Ристова. Промотор на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. Како што информираат од „Арс Ламина – публикации“, романот се темели на некои општопознати факти и настани врзани со животот и делото …

Continue Reading

Германија ќе ја претстави својата прва Стратегија за национална безбедност

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе ја претстави првата германска национална безбедносна стратегија, чија цел е да ја разгледа надворешната политика на земјата и да обезбеди пристап кон безбедноста што е договорен меѓу министерствата, јави ДПА. Во минатото, Германија имаше политички документи посветени на безбедноста, но во ноември 2021 година, трипартитната коалиција на Шолц се согласи дека сака …

Continue Reading

Израел лансираше ракети над Дамаск

Во израелски воздушен напад врз сирискиот главен град Дамаск, еден сириски војник е „тешко повреден“, а причинета е и материјална штета, јави државната новинска агенција САНА, повикувајќи се на воен извор. Сириската противвоздушна одбрана пресретна проектили лансирани од Израел во 01:05 часот од Голанската висорамнина и собори некои од нив, изјави изворот. Експлозиите кои се слушнаа во близина на Дамаск, …

Continue Reading

ОН: Глобалниот број на присилно раселени лица се искачи на рекордни 110 милиони луѓе

Бројот на луѓе во светот кои ги напуштиле своите татковини се искачи на рекордни 110 милиони, изјави шефот на Агенцијата за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР). Имено, конфликтите во Украина и Судан избркаа милиони луѓе од своите домови. Зголемувањето од околу 19 милиони луѓе на 108,4 милиони на крајот на минатата година е најголемиот годишен скок во историјата, се вели …

Continue Reading

„Свадбата на Фигаро“ на Малата сцена на НОБ

На Малата сцена на Националната опера и балет вечер од 20 часот, „Балкан опера студио“ во копродукција со Оперското студио при Театарот на Литванската национална опера и балет и нашиот оркестар „Профундис“, под диригентство на Ѓурѓица Дашиќ, ќе ја изведе операта „Свадбата на Фигаро“ од Моцарт. Режијата и продукцијата се на Љупка Јакимовска и Дамјан Попоски, музичкиот директор на Оперското …

Continue Reading

Промоција на книгата „Дипломатија и меѓународно право“ од Зоран Јовановски

Во Домот на Армијата во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Дипломатија и меѓународно право“ од Зоран Јовановски, професор на Воената академија Генерал „Михаило Апостолски“. – Содржината на оваа книга е насочена кон променливата улога на дипломатијата и меѓународното право поради голем број на глобализирани учесници. Според тоа, оваа книга може да го премости јазот академски во светската политика и …

Continue Reading

Алиу ќе даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска во Медија центарот на Владата ќе го презентира сработеното во изминатите 100 дена. Азир Алиу беше избран за министер за информатичко општество и администрација на 27 февруари годинава како кадар на Алијансата за Албанците по влегувањето на оваа партија во Владата.

Continue Reading

Русија: Новата американска воена помош за Украина го турка Вашингтон подлабоко во конфликтот

Новиот пакет американска воена помош за Украина во вредност од 325 милиони долари го турка Вашингтон подлабоко во бездната на конфликтот, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов. Пакетот, кој вклучува муниција за системи за противвоздушна одбрана, муниција и возила, доаѓа додека Украина ја обликува својата долгоочекувана контраофанзива. „САД влегуваат се подлабоко и подлабоко во бездната на украинската криза“, објави …

Continue Reading