МЗШВ има еден случај од ОЛАФ, но не поврзан со ИПАРД, туку за обезбедување софтвер преку ИПА

Проект од 2015 година, вреден 660 000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е случајот за кој Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) констатирала неправилности и препорачала државата да ги врати парите. Како што информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, не се работи за никаков договор или предмет поврзан со …

Continue Reading

Каевски: Сите услови се исполнети за Мицкоски и ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени

Со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, исполнети се сите услови на Христијан Мицкоски што самиот тој ги постави за неговата партија да поддржи уставни измени. Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори. …

Continue Reading

Шанса за Центар: Уставен суд оформи предмет за ДУП Буњаковец

Нова трка меѓу правдата и парите во Центар ! Уставен суд оформи предмет по иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска и граѓанската иницијатива Шанса за Центар со која го оспоруваме ДУП за Буњаковец во кој спаѓа и подрачјето на „Треска“. Се надеваме на еднакво брзо и ефикасно постапување на судот имајќи предвид што и инвеститорите забрзано се подготвуваат да почнат со …

Continue Reading

Серафимовски: Со августовската плата да има усогласување со минималната, инаку можни се протести

Со августовската плата да има усогласување со минималната, инаку можни се и протести, ова го истакна денеска на прес-конференција, претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски. – На иницијатива на министерот пред околу десетина дена, на состанокот во неговиот кабинет, се формира работна група за усогласување на платите. Според минималната плата, никој во државата не смее да има под …

Continue Reading

Активисти на „Гринпис“ се качија на покривот од куќата на британскиот премиер

Активисти на организацијата „Гринпис“ се искачија на покривот на куќата на британскиот премиер Риши Сунак во знак на протест против ископувањето нафта и гас во близина на брегот на Шкотска. Двајца демонстранти користеле скали и јажиња за качување за да стигнат до покривот на куќата на Сунак, каде што развиле транспарент направен од црна ткаенина со кој ја покриле едната …

Continue Reading

Повеќе од 10 лица избодени во случаен напад јужно од Сеул

Повеќе од 10 лица се повредени во очигледно случаен напад со нож јужно од главниот град на Јужна Кореја, Сеул, се наведува во денешните медиумски извештаи, за кои пренесува ДПА. Полицијата приведе осомничен кој избодел луѓе во близина на метро станица во градот Сеонгнам, објави денеска агенцијата Јонхап. Состојбата на жртвите првично е нејасна, пренесе јужнокорејската агенција.

Continue Reading

Продолжува потрагата по телото на исчезнатото лице во водите на Глажња, на терен директорите на ЦУК и ДЗС

Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро Глажња во општина Липково каде веќе неколку дена екипи трагаат по телото на 29-годишен локален жител кој влегол во водите на езерото по што му се губи трагата. -Потрагата по 29-годишното момче …

Continue Reading

Почнува меѓународната ликовна колонија „Куманово 2023“

Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2023“ почнува утре и ќе учествуваат дванаесет академски ликовни уметници од повеќе држави, информираа денеска од националната установа Музеј Куманово. – На 4 август годинава во комплексот етносело „Тимчевски“ ќе започне 49-та по ред интернационална ликовна колонија „Куманово 2023“. Своето присуство го потврдија 12 академски ликовни уметници од нашата земја и од Турција, Романија, Србија, Босна …

Continue Reading

Скопје домаќин на најдобрите светски пингпонгари

Во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје од 5 – 9 септември ќе се одржи меѓународен турнир во пинг-понг на кој веќе се пријавени играчи кои котираат меѓу најдобрите 10 во светски рами. – Ова е втор натпревар од ваков тип кој го организира Пингпонгарската федерација на Северна Македонија. Првиот се одржа минатата година од 7 до 11 септември исто …

Continue Reading