На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 30 минути

Поради зголемена фреквенција на возила утрово на ГП „Богородица“ за излез и на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека од 15 до 30 минути. Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Continue Reading

Од верските календари

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 јули. Денеска е Св. мироносица Марија Магдалина. Света Марија Магдалина црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалина). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа …

Continue Reading

На денешен ден

1789.- Парламентот на Франција за време на Француската револуција им ги укинал сите привилегии на феудалците. 1792.- Во Филд Плејс бил роден Перси Биш Шели, англиски писател, еден од најголемите лиричари во светската поезија. Во поемата „Кралицата Маб“ му дал израз на својот револуционерен дух „против кралевите“, свештениците и политичарите. Умрел во Лондон, на 8 јули 1822 година. 1859.- Во …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е петок, 4 август 2023 година, 216-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 149 дена. Од Гордана Василева 00:07, 4 август, 2023 Астрономски календар Скопје, 4 август 2023 (МИА) – Денеска е петок, 4 август 2023 година, 216-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 149 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 30 …

Continue Reading

Температури до 40 степени, УВ-индекс 9

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 9. Во Скопје сончево и многу топло со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура …

Continue Reading

НБ: Промени во задолжителната резерва за понатамошна поддршка на денаризацијата и зголемување на каматните стапки за 0,15 процентни поени

Каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,15 процентни поени до нивото од 6,15 отсто, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на седницата што се одржа на 1 август, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на …

Continue Reading

Без вода корисниците од улица „Каирска“

Поради уличен дефект на ул.„Каирска“ 1, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 14:45 часот до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading

Во Казахстан, огласи за приклучување во руската армија

На екраните на интернет корисниците во Казахстан почнаа да се појавуваат огласи за приклучување во руската армија. Огласите ги прикажуваат руското и казахстанското знаме и слоганот „рамо до рамо“ и нудат плата поголема од 4.000 фунти. Во огласите стои ветување за еднократна исплата од 495.000 руски рубљи за тие кои ќе потпишат договор со руските воени служби, заедно со месечна …

Continue Reading

Беќаровски: Најголем дел од специјализантите дежураат без пари, нивните права треба да бидат регулирани

Најголем дел од специјализантите дежураат без пари, нивните права треба да бидат регулирани, изјави денеска на прес-конференција во просториите на Синдикатот на Клинички центар, доктор Нико Беќаровски. Тој ги повика сите специјализанти да се приклучат во работата на Синдикатот. – За нив ќе биде обезбедена и посебна единица и како синдикално раководство, заедно со лекарскиот одбор, ќе се погрижиме во …

Continue Reading