Од верските календари

crkva verski kalendar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 јули.







Денеска е Св. мироносица Марија Магдалина.

Света Марија Магдалина црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалина). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото распнување. По неговото воскресение едно време престојуваше во Ерусалим, а потоа му помагаше на свети Јован Богослов во проповедта на словото Божјо во Ефес, каде и го заврши својот земен живот. Во петтиот век моштите и се прене-сени во Цариград.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Иван Марија Вианеу.

Бил роден во 1786 година, за време на француската револуција, во Дардилија во близина на Лион. Завршил филозофски и теолошки студии, а во 1815 година станал свештеник. Управувал со една жупа во селото Арс, во бискупијата Белеј каде проповедувал и им помагал на сиромашните. Покајниците ги слушале неговите совети. Умрел во 1859 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK