Шпанија втор финалист во Лигата на нации

Репрезентацијата на Шпанија синоќа ја победи Италија со 2:1 во второто полуфинале на Лигата на нации. Натпреварот се одигра на стадионот „Де Гролш Весте“ во Еншеде (Холандија). Головите за Шпанија ги постигнаа Џереми Пино во 4. минута и Хосела во 88. минута. За Италија реализира Чиро Имобиле во 11.минута. Во финалето на Лигата на нации „Црвената фурија“ ќе игра со …

Continue Reading

Куба и Иран се заложија да се спротистават на „агресивната империјалистичка политика“ на САД

Претседателите на Иран и Куба, Мигел Дијаз-Канел и Ебрахим Раиси на средбата во Хавана ветија дека заеднички ќе се спротивстават на „агресивната империјалистичка политика“ на САД, земја која има воведено санкции и против Техеран и против Хавана. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој го прими својот ирански колега во Палатата на револуцијата, изрази желба сојузот со Техеран да овозможи „заеднички отпор …

Continue Reading

Стејт депратмент: Македонија презема напори, но не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа. Владата покажа зголемени напори во споредба со претходниот период, имајќи го предвид влијанието на пандемијата COVID-19 врз нејзиниот капацитет, се истакнува во Извештајот на американскиот Стејт департмент за трговијата за луѓе за 2023 година. Како што се наведува, презмени се …

Continue Reading

Извештај на Гугл: Група поврзана со Кина одговорна за голема операција за кибер шпионажа

Хакерска група, очигледно поврзана со кинеската држава, е одговорна за големата кампања на кибер-шпионажна насочена кон владините агенции на некои земји во кои Пекинг има стратешки интерес, се истакнува во извештајот на филијала на Гугл. „Ова е најголемата позната кампања за кибер шпионажа од страна на злонамерен актер поврзан со Кина од масовната употреба на Microsoft Exchange на почетокот на …

Continue Reading

Јубилеј во Куманово по повод претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски

Одбележуваме 95-години од првата изведба на театарската претстава „Бегалка“, или „Ленче кумановче“, и 52 години од изведбата на веќе култната претстава во Театар Куманово. Безвременско ремек дело во македонската култура на нашиот драматург, есеист и критичар Васил Иљоски. Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска им врачи признанија на актерите од претставата „Бегалка“. – По повод претставата „Бегалка“ која е изиграна …

Continue Reading

Бундестагот ја изгласа резолуцијата за поддршка на македонскиот јазик, култура и идентитет

Германскиот парламент – Бундестагот, со мнозинство гласови на пратениците од трите владејачки партии – Социјалдемократите, Либералите и Зелените синоќа ја изгласа резолуцијата со која се дава поддршка на македонскиот идентитет, јазик и култура на патот на земјава кон членство во Европската Унија. Резолуцијата не доби поддршка од опозициските партии, вклучително и од конзервативната Христијанско-демократска унија/Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ) на поранешната канцеларка …

Continue Reading

Финска ќе има влада на конзервативци и екстремна десница

Финската конзервативна Национална коалиција (НКП), која победи на парламентарните избори во април, постигна договор за формирање влада со евроскептичната, антиимиграциска Финска партија и две помали партии, рече синоќа лидерот на НКП. – Горд сум на добрата програма и на резултатите од преговорите. Одговорени се сите прашања, изјави во Хелсинки, во присуство на шефовите на трите преостанати партии, Петри Орпо, претставникот …

Continue Reading

КФОР соопшти дека не бил во областа каде што биле уапсени косовските полицајци

Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) соопшти дека „не била во областа кога српската полиција уапсила тројца косовски полицајци“ и ги повика Косово и Србија веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија. „КФОР испрати тим во областа и воспостави контакти со претставници на косовските институции и српските власти. Ги повикуваме двете страни веднаш да ги …

Continue Reading

Втор ден на ПФД, учесниците порачаа дека на ЕУ и е потребна јасна визија кон земјите од Западен Балкан

„Мир и демократија наспроти војна и автократија“ , „Вистинската регионална соработка го одржува бродот стабилен“ и „Безбедносните предизвици со (не) интегрираниот Западен Балкан во ЕУ“  се дел од темите на денешните панели на вториот ден од Преспа форумот за дијалог (ПФД) насловен „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?” што се одржува во Струга во организација на Министерството за надворешни …

Continue Reading