Втор ден од посетата на Блинкен на Пекинг и средби со високи кинески претставници

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го започна вториот, последен ден од неговата посета на Кина со средби со високи кинески претставници. Двете страни, чии односи се толку затегнати што многу аналитичари предупредуваат на опасно сценарио, досега изразија подготвеност за разговор, но не и волја да ги ублажат своите цврсту ставови и позиции, што предизвика раст на тензиите. Блинкен утринава се …

Continue Reading

Санкционирани 193 возачи за еден ден во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 20 санкции за управување под дејство на алкохол, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 23 санкции за прекршоци што ги прават возачите …

Continue Reading

Зеленски му одговори на Путин: Сите системи „Патриот“ работат и соборуваат руски ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ноќеска, во своето редовно обраќање до граѓаните, му одговори на рускиот претседател Владимир Путин за неговите минатонеделни тврдења за уништените американски противвоздушни системи „Патриот“, што Украина го доби како донација. Зеленски ноќеска беше дециден дека сите системи за воздушна и ракетна одбрана „Патриот“, што САД и ги доставиле на Украина, сè уште работат. -Тие се уште …

Continue Reading

Израел е подготвен да одобри илјадници градежни дозволи на Западниот Брег.

Израелската Влада ги обелодени плановите за одобрување на илјадници градежни дозволи на окупираниот Западен Брег, и покрај притисокот на САД да се запре проширувањето на населбите што Вашингтон го гледа како пречка за мирот со Палестинците. Плановите за одобрување на 4.560 станбени единици во различни области на Западниот Брег се на дневен ред на Врховниот совет за планирање на Израел …

Continue Reading

Уапсените за несреќата со мигрантите кај Пелопонез ќе бидат изведени пред истражен судија

За формирање криминална организација за трговија со илегални мигранти, предизвикување бродолом од небрежност и за загрозување на животи се товарат уапсените деветтемина Египќани за несреќата со мигрантите минатата седмица, а денеска ќе бидат изведени пред истражен судија во грчкиот град Каламата, јави дописничката на МИА од Атина. Уапсените се осомничени дека се криумчари и дека се одговорни за бродоломот во …

Continue Reading

„Кајмак“ вечерва пред данската публика

Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера. Филмот ќе биде свечено прикажан во Копенхаген. – Паралелно со ова, минатата седмица Албанскиот филмски центар објави дека следниот проект на Манчевски, „Збогум, Копакабано!“ – работен наслов „Биста“ – ја освои поддршката на албанскиот државен фонд. Албанија е само еден од повеќето странски партнери во идниот филм на …

Continue Reading

Тројца Палестинци убиени, а најмалку 29 повредени во рација на израелската војска во Џенин, на Западниот Брег

Израелските војници убиле тројца Палестинци, вклучително и еден малолетник, а повредиле најмалку 29 во голем вооружен конфликт со екстремисти на улиците на градот Џенин на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство. Израелската армија соопшти дека војниците наишле на оган за време на апсењето и дека возвратиле. Како што е наведено, кога безбедносните сили го напуштале градот, воено …

Continue Reading

СПМ: Двоцифрената инфалција и натаму ги осиромашува граѓаните

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека економската состојба во Македонија се влошува на сметка на стандардот на граѓаните. Опстојувањето на двоцифрената инфалција и натаму ги осиромашува граѓаните и ги обезвреднува нивните приходи и заштеди. СДС и ДУИ со лошата и неправедна економска политка го зголемуваат бројот на социјални случаи и на лица кои едвај преживуваат со мнимални плати и пензии. …

Continue Reading

Претставена новата финска Влада

Финската конзервативна Национална коалиција (НКП), која победи на парламентарните избори во април, ги претстави клучните позиции во новата Влада, која ќе ја предводи партискиот лидер Петри Орпо. Според политичките аналитичари, тоа ќе биде најдесничарската влада од Втората светска војна. По разговорите што траеја повеќе од седум недели, НКП во петокот објави дека постигнала договор со три партии за формирање на …

Continue Reading